imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Колку трошите на апликации во една година?


Просечен корисник во САД годишно троши околу 80 долари на апликации. Тоа е значаен пораст во однос на минатогодишните бројки, а има повеќе причини. Да погледнеме кои се тие.

Според најновиот извештај на Sensor Tower, просечен корисник во САД во 2018. година потрошил 79 долари на апликации, што е прилично голема сума во ерата на апликации вредни 1 долар. Поточно, тоа значи дека секое лице купило 80 такви апликации од 1 долар, вклучувајќи ги и 12-годишните и 78-годишните корисници на iPhone, кои наводно го расипуваат просекот.

Безз соодветен контекст би можеле да мислиме дека причината за тоа е следната: жителите на САД се толку добро ситуираани што можат да потрошат околу 7 долари на апликации. Во една рака, тоа е точно. Меѓутоа, од Sensor Tower истакаа дека се работи за пораст од 36 проценти во однос на резултатите од 2017. година, кога просечно се трошело 58 долари годишно. Тоа е доволно голем раст да се посмоневаме во некои скриени причини.

На пример, можно е да пораснал бројот на претплатници. Како што открија поранешните истражувања, корисниците го потценуваат своето трошење на апликации. Повеќе ќе плаќаат месечна сума, отколку што одеднаш ќе дадат поголем износ. Затоа, не изненадува што Apple ги поттикна програмерите да почнат да употребуваат систем на претплата.

Исто така, како што веќе пишувавме, претплатата остави место заа дополнителни трикови. Иако Apple нагласува дека се противи на таквите трикови, тие би можеле да бидат заслужни за тој раст од 36 проценти.

Истовремено, додека Apple не стави етички рамки на своите претплати – како што тоа обично го прави – програмерите треба да ја искористат оваа шанса, бидејќи многу од нив вложуваат голем труд за релативно мал профит.

Извор: TechCrunch

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.