imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Kontrast – Преубава и брилијантна логичка игра за iPhone


Можете да ги интерпретирате самите игри во развој како облик на уметност, но она што се случува во Kontrast е на целосно поинакво ниво. Мазни линии и возбудливи форми, и сето тоа од логичка puzzle игра.

Сакам да го пребарувам App Store во потрага по нови игри. Откако Apple го претстави својот дневен feed со новости, Today, тоа повеќе и не е толкав предизвик. Таму го пронајдов и Kontrast, кој изгледа како возбудлив експеримент, така што морам да кажам дека потрошениот еден долар не фрлен за џабе.

Кога ќе ја преземете апликацијата, ќе се соочите со едноставни цртежи и облици. А бидејќи зборуваме за некаков вид на puzzle игра, не би требало да очекувате големи возбудувања и авантури. Но, навистина ќе морате да се потрудите и да размислувате во текот на играњето и што е поважно: оваа игра е преубава. Во Kontrast, целта е да се поместат круговите и квадратите од еден крај на сцената на друг, што на прв поглед не изгледа како тешка задача.

Меѓутоа, во секоја фаза, ќе се соочите со различни интерактивни елементи како што се: светилки, катапулти. Морате да ги истражите сите можности за да решите се. Во непрестаниот процес на учење ќе дознаете што се може да се заврти, одврти, што може да се полни или пак е експлозивно.

Не би рекол дека е тешко да се дојде од точката A до точката B, но потребно е малку разм,ислување и концентрација. Поминувањето низ сите 7 фази трае околу 35-40 минути, но тоа не е игра која би требало да ја поминете со леснотија. Тоа е комбинација на надреалистичка уметност и логика која ве поттикнува повторно да ја покренувате секоја фаза и да им се воодушевувате на сите чуда на ова ремек дело.

Преземете ја Kontrast од App Store (iPhone, iPad, 0,99 долари)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.