imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Копирање и складирање на сигурноснa копиja на екстерен диск


Колку повеќе уреди, толку повеќе сигурносни копии. Во овој текст ќе поминеме низ методот на преместување и складирање на овие сигурносни копии на надворешен диск.

Ако некогаш сте креирале сигурносна копија на било кој од вашите уреди на вашиот компјутер преку iTunes, тогаш таа се крие некаде длабоко во фолдер, и зазема прилично многу место. Што кога би сакале да го ослободите тој простор и да ја преместите сигурносната копија на надворешен диск?

Тоа е прилично корисна идеја. Бидејќи е бесмислено да се полни SSD на вашиот компјутер со неискористени и стари сигурносни копии, кога постариот USB флеш драјв или HDD совршено одговараат на оваа цел. Иако Apple ова решение не го наведува како официјално, ви дава можност да пристапоте до содржината на MobileSync фолдерот на вашиот Mac компјутер.

Во овој фолдер можете да пронајдете рачно изработени сигурносни копии на iOS уредите. Тоа има вистинска предност. Вашиот систем автоматски го ажурира фолдерот со најновата верзија на вашата моментна сигурносна копија. Значи, во случајот на моделот на iPhone од 128 GB, сигурносните копии не го заземаат целиот простор за складирање. Но, ако имате iPad или неколку iOS уреди во семејството, а сите користат ист компјутер за синхронизација, овој фолдер можете да порасне до огромна големина.

Прв чекор: Пронаоѓање на мапата со вашите сигурносни копии

Тоа можете да го направите на два различни начина. Копирајте го следниот пат во Spotlight Search: “~/Library/Application Support/MobileSync/Backup” (без наводници). Или можете да го употребите iTunes.

  1. Отворете iTunes.
  2. Изберете го iTunes во горното мени и одете на Settings.
  3. Уреди > Изберете го вашиот уред.
  4. Притиснете го копчето Control и изберете ја опцијата “Прикажи во Finder”

Втор чекор: Преместете го бекапот на екстерен диск

Кога ќе дојдете до овој чекор, обрнете внимание на тоа да не го промените името на избраниот фајл. iTunes знае да ги лоцира само фајловите со идентично име.

  1. Поврзете го екстерниот диск со компјутер.
  2. Фолдерот кој претходно сте го пребарале, ископирајте го на екстерен диск.
  3. Внете ја лозинката на корисникот на уредот.
  4. Преименувајте го копираниот iOS фолдер со сигурносната копија во ios_backup.
  5. Повторно внесете ја својата администраторска лозинка.
  6. Преминенувајте ја оригиналната сигурносна копија која се наоѓа на компјутерот на original_backup.

Трет чекор: Поврзете го iTunes со екстерниот диск

Се што треба да направите е да му покажете на iTunes каде да го пронајде новиот фолдер на бекапот. Ако користите MacOS Mojave, неопходно е прво да дозволите понатамошен тек на дејството во Terminal.

  1. Отворете System Preferences.
  2. Изберете Security & Privacy.
  3. Потоа Privacy tab.
  4. Кликнете на малиот локот во долниот лев агол за да им пристапите на подесувањата.
  5. Внесете ја својата лозинка.
  6. На левиот страничен панел изберете Full Disk Access.
  7. Притиснете го “+” копчето
  8. Во пребарувачот кој се наоѓа во горниот десен агол на прозорецот внесете го зборот: Terminal
  9. Изберете го од листата и додајте го.

Потоа отворете го Terminal користејќи го Spotlight или Launchpad. Внимателно внесете:

ln -s /Volumes/External/ios_backup ~/Library/Application\ Support/MobileSync/Backup/4f1234a05e6e7ccbaddfd12345678f1234b123f

  • In -s: наредба до оперативниот систем да го побара фолдерот.
  • Volumes: вашиот екстерен диск.
  • External: името на вашиот екстерен диск.
  • ios_backup: претходно преименуваниот фолдер на сигурносната копија на податоци.
  • ~/Library/Application\ Support/MobileSync/Backup: шифра за пристап до фолдерот.
  • 4f1234a05e6e7ccbaddfd12345678f1234b123f: фолдерот на сигурносната копија на вашиот компјутер.

Мојот код изгледа вака: ln -s /Volumes/Passport/ios_backup ~/Library/Application\ Support/MobileSync/Backup/iPhone7

Ако името на вашиот диск содржи празно место, како што е на пример “My Passport”, тогааш користете обратна коса црта и внесете My\ Passport.

Следниот чекор е да го копирате својот код во Terminal и да притиснете Return. Ако се бара лозинка, внесете ја и затворете го Terminal.

На крајот проверете дали успешно сте го преместиле бекапот на екстерен диск:

  1. Отворете бекап од екстерниот диск.
  2. Побарајте ја црната стрелка до долниот лев агол на прозорецот.
  3. Отворете iTunes.
  4. Креирајте нов бекап на уредот.
  5. Побарајте го ажурираниот датум во фолдерот.

Ако сте успеале да го преместите фолдерот на сигурносната копија, можете да го избришете оригиналниот од компјутерот, така ослободувајќи огромна количина простор за складирање.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.