imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Корисниците сакаат да го имаат новиот Mac


Очигледно е дека побарувачката за постарите модели е помала и дека нивната продажба почна да опаѓа. Тоа би можел да биде клучен фактор кој ќе ја поттикне екипата на Tim Cook да ја надгради Mac линијата.

Веќе неброено многу пати пишувавме дека Mac производната линија е некако оставена на страна. Како незгрижено дете.

Од една страна, нивните iOS уреди се предводници на светските пазари и остваруваат огромни приходи за компанијата. Дури и додатоците како Apple Watch и AirPods стануваат големи во своите категории.

Од друга страна, тука се добрите стари Mac mini, iMac итн. Само MacBook Pro моделите ги поминуваа редовните годишни надградби. Ние, пак, желно исчекуваме некои подобрувања на тоа подрачје, и се надеваме на Keynote кон крајот на октомври, кој ќе биде посветен исклучиво на компјутерите.

А веројатноста желбата да ни се исполни е многу голема – оваа можност ја потврди и IDC (International Data Corporation). За се е виновен финансискиот извештај Q3, односно податоците за продажбата на компјутерите. Накратко, Apple не е задоволен.

Имено, продадени се 67,4 милиони примероци, а тоа значи дека е забележан пад на продажбата од 0,9 проценти, што е многу подобро од предвидениот пад од 3 проценти. Главната причина за овие трендови би можела да биде помалиот број процесори и големите барања на корисниците. Меѓутоа, четирите водечки производители на компјутери успеаја да остварат пораст во однос на лани, што значи дека можеби работата е во Apple.

Во споредба со 5,4 милиони Mac уреди продадени лани, Apple во истиот квартал оваа година продаде само 4,67 милиони уреди, што е пад од 11,6 проценти. Се работи за огромна бројка, иако само проценета. Конкретните податоци за продажбата ќе се објават на почетокот на ноември.

Однесувањето на корисниците јасно покажува дека постоечкиот избор не е задоволувачки, па голем дел од луѓето чекаат лансирање на нови производи. Ваквите информации би можеле да го поттикнат Tim Cook да се активира. Извршиот директор на Apple веќе изјави дека стагнацијата на пазарот на мобилни уреди не е нужно лоша работа. Во тој случај би можеле повеќе да им се посветат на десктоп компјутероте, кои некогаш го сочинуваа самото јадро на компанијата.

Поради тоа, Apple, ве молиме за лансирање на нови производи на 26. октомври!

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.