imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Креирајте прекрасни позадини според својата локација


Често со вас споделуваме разни совети за позадини. Овој денешниот навистина е посебен, бидејќи може да се прилагоди според вашата локација.

За вкусовите не се расправа. Некои ги сакаат позадините на Apple, некои ги сакаат оние инспирирани од компанијата. На некои повеќе им се допаѓаат потемни темни, додека други избираат посветли слики. Денешниот текст е наменет им е наменет на љубителите на минимализмот.

Екипата на Alvar Cart во принцип создава слики и постери врз основа на мапите на различните локации ширум светот. Сега оваа идеја ја поврзаа со онлајн генератор.

Со тој генератор можете да изберете случајна или одредена локација и врз основа на неа да создадете фотографија за позадина. За жал, тоа решение не се темели на мапите на Apple и Google, туку на OpenStreetMaps решението за прикажување локации. Затоа би можеле да имате проблеми со пронаоѓање на некои помали места.

За да изработите позадина:

  • Отворете ја интернет страницата.
  • Одете на полето Map за да ја изберете локацијата или притиснете “Random” за случајно избрани места.
  • Со поместување на курсорот преку сликата можете да ја повлекувате мапата до саканото место.
  • Можете да бирате помеѓу четири опции на бои: црна, темносива, светлосива и теракота.
  • Исто така, можете да изберете соодветни резолуции за iPhone моделите од iPhone 5 до iPhone X.

Кога сето тоа ќе го прилагодите, притиснете Generate, a добиената слика потоа снимете ја и поставете ја како нова позадина на својот уред.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.