imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Креирање фајлови во зададената апликација Calendar


Ако сакате да повикате некого преку мејл, да го споделите целиот календар или да поставите некој настан на интернет страница, треба да ги следите наредните чекори.

Понекогаш на интернет страниците можете да ја видите опцијата одреден настан да “додадете во својот календар”. Едноставно треба да го отворите линкот, да го преземете и отворите фајлот, да изберете на кој да го додадете и тоа е тоа – настанот ќе биде додаден во вашиот календар со сите нужни детали, како име, локација, датум, белешки и сл.

Сите кои сакаат да бидат толку добри домаќини, можат без проблеми да креираат такви фајлови за календар. Се работи за .ics фајлови кои лесно се изработуваат и можат да се делат и преземаат. Всушност, можете да ги изработите на неколку начини:

  1. Ако се работи за настан кој веќе сте го забележале во својот календар, само треба да го повлечете и да го испуштите на работната површина (или било каде во FInder) од апликацијата Calendar. macOS автоматски ќе креира .ics фајл за вас.
  2. Ако сакате да го споделите целиот календар со сите настани, прво отворете ја апликацијата Calendar, одете на менито File, па на Export. Системот ќе создаде .ics фајл и ќе го смести во избраниот фолдер.
  3. На крај, ако сакате да создадете настан од нула, но не сакате да го додадете во својот календар, на интернет имате многу бесплатни услуги за тоа, како оваа. Едноставно е одлична!

Потоа е доволно .ics фајлот да го поставите на својата интернет страница или да го поделите со поканетите.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.