imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Кул и бесплатен VPN сервис за iOS


Cloudflare значително го поедностави брзото и безбедно сурфање на iOS. Преземете ја бесплатно апликацијата 1.1.1.1 и уживајте го дигиталната приватност.

Пред отрилика половина година напишавме текст за сервисот Cloudfare и неговите предности. Но, еве краток потсетник за сите оние кои немаа прилика да го прочитаат текстот. Во принцип, се работи за тоа, доколку сакате безбедно сурфање на интернет, морате прво да го вклучите VPN сервисот.

Целта на овие виртуелни приватни мрежи е во тоа што компјутерот на корисникот не се појавува директно на интернет (и на тој начин лесно се идентификува), уште преку серверот на VPN сервисот на провајдерот. Бидејќи конекцијата помеѓу корисникот и провајдерот е енкриптирана и безбедна, ќе биде невозможно да се идетификува корисникот и протокот на неговите информации на интернет.

Сето ова звучи прилично совршено, но доверливиот VPN е далеку од тоа да биде бесппалтен.

Во случај, сепак, да сакате сигурност во некоја мерка, но не сакате да ја платите, користењето на овој DNS провајдер би можело да биде добро решение. Прво, DNS е одговорен за пренесување меѓу луѓето и мрежите, што значи дека IP адресата му припаѓа на даден домен и обратно. Меѓутоа, овие DNS пораки лебдат нешифрирани и непотпишани по романтичниот пејзаж на интернетот, така што провајдероте можат лесно да ги прочитаат и излистаат, пристапувајќи им на вашите податоци.

За да ги избегнете ваквите проблеми, ракувањето со вашите DNS можете да му ги доверите на екстерен сервис. Покрај останатите, ја наведуваме бесплатната апликација Cloudflare има екстерни ревизори и на тој начин им докажува на корисниците дека не ги злоупотребува нивните податоци. Веќе пишувавме за тоа како да го подесите 1.1.1.1 DNS сервер на macOS.

Сето ова го покажавме на примерот на iOS, но важеше само за Wi-Fi. Меѓутоа, овој пат Cloudflare направи едноставна и за корисникот блиска апликацијата која го прави сето останато за вас, по инсталирањето на VPN профилот, да не споменуваме дека Wi-Fi и мобилниот проток на податоци остануваат заштитени.

Понатаму не би трошел зборови, само преземете ја и испробајте!

• Преземете ја 1.1.1.1 од App Store (iPhone, iPad, бесплатна)

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.