imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Kuo: ќе доминира поевтиниот 6,1-инчен модел на iPhone


Ценетиот аналитичар на KGI во својот последен извештак напиша како очекува дека годинашниот поевтин модел на iPhone со едноставниот LCD екран ја достигнува продажбата од стотина милиони единици. Тој iPhone би можел да го заземе местото на iPhone 8 и iPhone 8 Plus.

Делфискиот пророк од сенка, таинствениот аналитичар на KGI и чувар на тајни, Ming-Chi Kuo и натаму тврди дека оваа година ќе добиеме три нови модели на iPhone.

Двата водечки уреда моментно ни се помалку интересни, бидејќи најновиот извештај не се занимава со нив. Но, да ве потсетиме, според наводите на Kuo, ќе биде лансиран уред сличен на сегашниот iPhone X, со OLED екран од 5,8 инчи, Face ID и сите трикови и Plus модел кој ќе ги има сите идентични функции, но ќе биде сместен во џиновско куќиште со големина од 5,8 инчи.

Третиот модел, протагонистот на денешниот текст, исто така би можел да биде уред со впечатлива големина со екран од 6,1 инчи. Аналитичарот смета дека овој уред би можел да ги замени iPhone 8 и iPhone 8 Plus. Можно е дека ќе ги има поголем дел од функциите како моментниот X модел – ист дизајн, Face ID  и сл. – но без двојна камера, 3D Touch и OLED екран.

Од тоа произлегува претпоставката дека цената ќе му биде поприфатлива: според шпекулациите на Kuo, почетната цена би се движела помеѓу 700 и 800 долари, а токму толку чинат iPhone 8 i iPhone 8 Plus. Со овој пристап Apple би можел да го покори целиот пазар.

Лансирањето на уред по пониска цена би можело да резултира со продажба од 105 до 115 милиони единици, додека по повисока цена би се продале само помеѓу 95 и 105 милиони уреди. Инаку, тоа е околу 50 проценти од вкупната продажба во 2018. година. Според предвидувањата на Kuo, овој тренд би можел да продолжи и во 2019. година, па во целокупниот животен циклус на овој модел би се продале 200 милиони уреди.

Ни преостанува само едно прашање: концептот на овој 6,1 инчен модел е малку луд, бидејќи така НАЈМАЛИОТ модел во оваа категорија производи би бил оној од 5,8 инчи. Тоа ни се чини малку сурово. Ќе видиме…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.