imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Kuo повторно ги објави своите предвидувања во врска со AirPods


Безжичното полнење ќе пристигне во 2019, целосно ќе бидат редизајнирани во 2020, а до 2021. година можеби ќе владеат со светот. Секако, нема да порасне само продажбата.

И покрај фактот дека во мај ги напушти KGI Securities, еден од најпризнатите извори на Apple не може да заборави на своите корени. По предвидувањата за XR во ноември, Ming-Chi Kuo ги објави новите предвидувања за AirPods слушалките, најдобриот и најпродаван производ на Apple во последните години.

Тој верува дека безжичните слушалки на Apple ќе бидат најпродаваниот производ на Apple во блиска иднина. Моментно овие слушалки поседуваат помалку од 5 проценти помеѓу 1 милијарда сопственици на iPhone, но луѓето денес почесто трошат на додатоци, отколку на промена на моделот на телефон. Поради тоа, предвидува продажба од 100-110 милиони примероци до 2021. година во однос на 16 милиони продадени во 2017. година.

Секако, зборуваше за моделот на AirPods со поддршка за безжично полнење, кое го очекуваме уште од најавувањето на AirPower есента 2017. Како што наведува Kuo, наскоро пристигнуваат, можеби беќе во првиот квартал на 2019. година. Сето тоа е супер, но треба да се додаде дека уште минатиот декември пишувавме и ја најавувавме истата работа. Да, постои уште еден проблем, само да ве подготвиме на време:

Трошоците за производство на технологијата која се наоѓа во новиот модел ќе бидат значително поголеми…

Патентот пријавен за прилагодливи AirPods слушалки веќе постои

Меѓутоа, она што за Kuo е иновација во врска со AirPods 2 слушалките е тоа што ќе бидат целосно редизајнирани, а нивното објавување го предвидува меѓу крајот на 2019. и првата четвртина на 2020. година. Новиот дизајн нема да биде толку возбудлив, бидејќи и нема причини за порадикални промени. Подобрувањето на Bluetooth технологијата во слушалките ќе биде дефинитивно супер работа, но тие се веќе светски шампиони, доколку ја посматраме неговата големина.

Подобрувањето на корисничкото искуство и обезбедувањето на подобра интеграција со iOS и macOS, веројатно ќе значи дека со помош на еден клик ќе можеме да преминеме од Mac на iPhone. Ова веројатно е единствената функција поради која веднаш би го промениле својот најстар модел, а што се однесува до мене, тоа навистина би ги направило AirPods совршени. Дотогаш ќе останат „само” мојот омилен додаток.

Извор: 9to5Mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.