imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Kuo: Претстојниот iPad Pro ќе пристигне со USB-C


Прашањето е дали ќе го стават на уредот или на полначот. Нашиот омилен сезнајко и пророк за Apple не се плаши да ни пружи свежи вести еден ден пред излегувањето на новите iPhone уреди…

Темата за префрлање на Apple од Lightning на USB-C отсекогаш беше на дневен ред, посебно по објавувањето на MаcBook Pro моделите во 2016. година со USB-C поддршка. Крајот на таквите анегдоти секогаш е ваков:

Не, Apple нема да се префрли од Lightning на USB-C во блиска иднина.

Искрено, ние и натаму веруваме дека тоа ќе се случи, но меѓународните медиуми се повторно во треска. Ming-Chi Kuo се смета за еден од најдоверливите извори кога се работи за Apple, бидејќи во својот најнов извештај истакна дека новиот iPad Pro (тоа е оној неверојатен уред со потенки рамки и Face ID за кој толку многу слушнавме во последно време) ќе пристигне со USB-тип C I/O.

Многумина оваа изјава ја сфатија на начин дека компанијата ќе стави USB-C, без Lightning на уредот и со тоа ќе внесе преубава, нова, обединета и стандардизирана иднина во линијата производи на Apple. Веруваме – а всушност и многу други го делат нашето мислење – дека Kuo мисли дека во пакетот ќе вклучат USB-C глава на полначот наместо вообичаената USB-A. Многу вести за ова се раширија порано, а тоа навистина би била одлична иновација.

Според Kuo, новите iPhone уреди ќе пристигнат со вообичаениот адаптер од 5W, и дека споменатото чудо од 18W кое е корисно за брзо полнење ќе доаѓа само со новиот iPad Pro. Тоа би било штета.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.