imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Leef iBridge 3 – ТЕСТ


Дали некогаш сте останале без меморија на Вашиот iPhone или iPad?
Притоа не сакате да потрошите многу пари за надоградување односно купување на нов iOS уред со повеќе меморија. Во денешната рецензија ќе зборуваме за релативно новиот продукт кој се појави на пазарот, тоа е решение за сите Ваши проблеми со меморијата. Го земавме на една недела користење Leef iBridge 3, надворешна меморија за iOS уреди.

Да бидеме искрени уште на самиот почеток секој од нас се има соочено со истиот проблем кој некогаш знае да биде иритирачки. Всушност се работи за ограничувањето на меморијата кај iOS уредите. Знаеме дека кога iPhone излезе на пазарот имаше 4GB меморија што во денешно време претставува од прилика 3000 фотографии направени со iPhone 7 Plus. Тоа е доволно простор на еден уред доколку не ги префрлите старите фотографии или видеа кои знаат да одземат добар дел од меморијата.

Сега со сигурност може да се каже дека постои опција која се нарекува iBridge од компанијата Leef. Ова претставува уред кој се става и вади на Вашиот iOS уред и притоа нуди безброј опции кој ќе ви помогнат во секојдневниот живот, но за тоа ќе зборуваме подоцна откако ќе бидеме сигурни дека сме ги поминале сите одговори по повод ова прашање.

Leef_iBridge3_1

Дизајн

Кога станува збор за дизајнот, Leef iBridge 3 е сведен до совршенство. Зошто?
Приклучувањето други уреди со iOS уреди знае да биде некогаш и незгодно бидејќи не се вклопуваат добро со дизајнот на Вашиот iOS уред со што може да биде исклучително тешко за маневрирање. Leef iBridge 3 на долниот дел има заоблен дизајн кој кога ќе го приклучите на вашиот уред делува како од секогаш да сте го имале. Неговиот дизајн е исклучително “ергономски” во споредба со други надворешни мемории, достапни на пазарот. Уредот е пренослив и можете да го носите секаде со Вас.

Leef_iBridge3_7

Приклучување и Апликација

Приклучувањето е исклучително лесно. Единствено што треба да направите е тоа да го приклучите Lightning конекторот во Вашиот iOS уред. Кога ќе го приклучите Leef iBridge на Вашиот iOS уред на екранот ќе ви се појави прозор коj директно ве води до App Store каде можете да ја спуштите апликацијата за овој уред. Понатаму самата апликација ќе ве води преку целиот процес за да го активирате уредот, а потоа и понатаму да го употребувате. Префрлувањето на документи, фотографии и видеа никогаш не било полесно. Од како ќе префрлите дел од посакуваните работи на Leef iBridge лесно можете да ги префрлите на Вашиот Mac, PC или друг уред кој има USB приклучок.

ibridge_3_retina7_1

Безбедност

Leef iBridge нуди опција за сетирање на лозинка за заштита на сите податоци кои се наоѓаат на него. Со користење на оваа опција ќе бидете сигурни дека сите Ваши документи ќе бидат безбедни и доколку се случи да го изгубите или ви го украдат самото USB.

ibridge3-banner3

Заклучок

Leef iBridge е исклучително добар производ кој се има појавено во денешницата. Евтино решение за проблемот со меморијата и можност за лесно префрлање на податоци од Вашиот iOS уред на Mac или PC компјутер. Ќе имате секогаш доволно простор за ажурирање на најновиот софтвер, што претставува огромен бенефит кога станува збор за iOS уредите. Никогаш нема да ги пропуштите важните моменти кои кратко траат и неможат да чекаат на Вас да се ослободите од непотребните фотографии или апликации со цел да направите фотографија која претставува спомен за годините кои се пред нас.

Leef iBridge 3 можете да го купите тука.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!