imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Леќата на предната камера на iPhone може да биде скриена


Реално, во ерата на селфи фотографиите, предната камера сепак не е опционална компонента.

Како што веќе детално објаснивме, iPhone уредите добиваат помали и поголеми компоненти од разните делови на светот. САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Франција, Австрија и Сингапур се само некои од местата од кои доаѓаат деловите за уредите на Apple.

Еден од тие производители е и компанијата Largan Precision, која е задолжена за леќата на предната камера. Зошто тоа сега е важно! Па, според информациите на кинеските аналитичари, оваа компанија до 2020. година ќе произведува посебни леќи со црн слој, кои во целост ќе исчезнат од предната страна на уредот.

Значи, постои реална шанса идните iPhone уреди да имаат скриена предна леќа, што сигурно ќе го воодушеви Jony Ive. Сите знаеме дека главниот дизајнер на Apple сонува за совршен облик на iPhone, кој би изгледал само како лист на стакло. Сега кога дебелината на рамките е максимално намалена, отстранувањето на леќата на предната камера е следниот чекор кон остварување на неговата визија.

Воглавно, интересно е дека за дизајнирање на iPhone е потребно да се мисли и на такви ситни работи. Посебно никогаш не сум ја сметал оваа едвај забележлива леќа за проблематична, но сега кога гледам дека постои можност за нејзино отстранување, се радувам да видам дали тоа ќе се оствари.

А сето тоа благодарение на вредната екипа, која некаде низ светот работи осум часа дневно за да изработи леќа со микро големина и со црн слој наменета за паметните телефони…

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.