imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Logitech Crayon – Apple Pencil без Apple | Тест


Дали навистина ни треба Apple Pencil, кога друг производител има слично решение? Пробавме да пронајдеме одговор на ова прашање при нашето тестирање на Logitech Crayon и ќе ви кажеме на кого би му ја препорачале оваа алтернатива.

И претходно имаме видено соработка на Apple со надворешните производители, кога пробуваа да пополнат неколку дупки на пазарот во кој брендот на родителската компанија би изгледал неавтентичен или премногу позициониран. Или во случаите кога мораа да ја прилагодат постоечката технологија на својот вкус. Би можеле да наведеме неколку примери, а веројатно еден од нив е iTunes телефонот, по кој неколку години подоцна следуваше претставувањето на iPhone.

Меѓутоа, во случајот на субјектот на нашиот тест, работите се случија обратно: Apple го претстави производот, кој Logitech проба да го прилагоди на потребите на посебните групи корисници. Оваа пролет, по повод на едукацискиот настан на Apple наречен „излет”, беше претставена новата, супер евтина, 6. генерација на iPad, за кој Apple претстави Logitech пенкалце, кое е наменето исклучиво за образовни цели. Сепак, сега секој може да го купи, но во кои аспекти е поинајов од првата генерација на Apple Pencil?

Компатибилност

И додека првата генерација на Apple Pencil е компатибилна со првата и втората генерација на iPad Pro и со моделите на 6. генерација на iPad, Crayon може да се користи само со 6. генерација на iPad. Попатно. дигиталното моливче ја има истата технологија како и уредот на Apple, така што тука можеме да зборуваме за намерни ограничувања од компанијата од Купертино.

Дизајн

Пружа посилно чувство, а кога се работи за материјалот, Logitech Crayon изгледа помасивен. Кога го држите во раце, изгледа како сплескан Apple Pencil, и една од најголемите предности е тоа што не може да се истркала од масата и многу едноставно можете да избегнете незгоди во училиште, кои обично завршуваат со жамиот звук на пукање.

Материјал

За разлика од Apple Pencil, Logitech на дното на Crayon стави гумен материјал, кој го штити пенкалцето ако ви падне, така што би можеле да разговараме и за тоа дека ова решение е сигурно за децата. Ако малку поблиску го погледнеме Crayon, можеме да видиме дека овој материјал исто така го покрива неговиот крај: нема чеп кој би можеле да го загубиме или проголтаме.

LED индикатор

Тој ја означува врската и нивото на батеријата. Зелениот знак упатува на тоа дека нивото на батерија е над 10 проценти, додека црвениот укажува на тоа дека е под 10%, а во случај црвеното светло да почне да блеска, уредот е на критично ниво и морате веднаш да го наполните.

Полнење

На врвот на Crayon нема Lightning приклучок, така што не можете да го вклучите во iPad. Поради тоа, овој пар работи поинаку: 6. генерација на iPad веднаш го препознава Crayon кога ќе го вклучите. Crayon можете да го наполните со помош на Lightning кабел.

Врв

Оние кои често користат било кој вид дигитални пенкалца веројатно се сретнале со еден проблем: одвреме навреме, врвовите на овие уреди се трошат и потребна им е замена. Во случајот на Apple Pencil, со леснотија можеме да го замениме врвот, бидејќи кутијата на првата генерација на Apple Pencil содржи три дополнителни врва, но можете да ги купите и посебно. Наспроти тоа, креаторите на Crayon повторно избраат решение кое е сигурно за децата: потребен ви е посебен алат за да го откачите врвот.

Допир

Во текот на употребата, лесно можете да откриете неколку разлики. Logitech Crayon е ексклузивно создаден за запишување белешки наместо за цртање. Затоа уредот не е осетлив на притисок, а дури и ако ја преземете поддржаната апликација, нема да можете да цртате потенки или подебели линии кога посилно ќе го притиснете пенкалцето на iPad. Меѓутоа, Crayon е одличен за сенчење, бидејќи е лесно да го поместувате.

Заклучок

Дали ни треба Apple Pencil намести Logitech Crayon? Без сомнение можеме да кажеме не. Иако Crayon е ексклузивно развиен за децата, може да биде одлична алтернатива за секој кој обично не црта на iPad. За означување на текстови, подцртување, коментирање на докумнети или запишување на белешки е еднакво добро решение како и Apple Pencil.

Овој алат, исто така, содржи дела на Apple во траги, но навистина верувам дека спарувањето е поедноставно со Crayon, им пружа на корисниците софтверско решение, што овозможува моментно користење на iPad без спарување, кога е вклучен. Покрај тоа, цената е нешто подостапна. Добивме внимателно развиен, квалитетен производ од Logitech и можам да го препорачам на сите, кои би сакале да му го дадат на детето или размислувале да купат Apple Pencil.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.