imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Lunar: Апликација која морате да ја имате ако користите надворешен екран


Апликацијата помага во прилагодување на светлината и контрастот на вашиот надворешен екран со она што е прикажано на Вашиот MacBook. Со други зборови, го прави вашиот надворешен екран попаметен благодарение на поставката на автоматско осветлување.

Екранот на MacBook знае многу корисни трикови, посебно затоа што новите модели ја содржат и TrueTone технологијата. Благодарение на разните сензори за препознавање на светлината, светлината на вашиот лаптоп секогаш се прилагодува на надворешните светлосни услови: ако го изнесете надвор на сонце, светлината автоматски ќе се зголеми, а навечер ќе се намали, за да не ви се запалат зениците.

Се работи за одлична функција, посебно затоа што позадинското осветлување на тастатурата и Touch Bar исто така се прилагодуваат на надворешните услови. Само една работа може да ја наруши оваа совршена усогласеност: надворешниот екран, бидејќи тој не може автоматски да се прилагодува на посточеките светлосни услови. Единствено што можете да го направите во таквите ситуации е да почнете да копате по јадното мени на надворешниот екран.

Освен ако не ја преземете бесплатната апликација Lunar.

Апликацијата работи многу едноставно: овозможува поставките на осветлување и контраст од вашиот MacBook да се применат и на надворешниот екран. Покрај тоа, можете самите да давате едноставни вредности или да избирате помеѓу различните начини на работа: врз основа на Локациите, автоматската синхронизација и мануелниот начин на работа. Единствен услов е надворешниот екран да има поддршка за DDC (Data Display Channel) протоколот.

Тоа е целата магија, во случај да користите надворешен екран, испробајте ја Lunar.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!