imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Mac mini, каков што ние сакаме да биде…


Keynote презентацијата ќе се одржи утре, а со него можеби ќе пристигне и новиот Mac mini. Сакаме да го поделиме со вас нашиот концепт од соништата за овој одличен уред. 

1473 денови. 1473 долги денови поминаа од последната најава на Apple на Mac mini. Тоа е огромен период, посебно во светот на технологијата која се развива со голема брзина. Покрај тоа, споменатото ажурирање не оствари голем успех: можевме да заборавиме на 4-јадрената опција, а како бонус, не беше опција ни проширувањето на меморијата. Така што веројатно никој не беше изненаден кога многу корисници почнаа да се оддалечуваат од саканиот производ.

Сепак, се чини дека постои трошка надеж. Голем дел од корисниците ширум светот, очекуваат дека утре, 30. октомври, Apple конечно ќе ја претстави најновата генерација на Mac mini. Уште повозбудлив фактор е тпа дека според моментните информации, и професионалните корисници би можеле да го поздрават ова ажурирање.

Меѓутоа, ние едноставно не можеме да чекаме до утре, и со помош на нашиот колега K1l1m6n создадовме наш концепт од соништата за Mac mini – кој веројатно долгорочно и ќе остане само во нашите соништа – во облик на неколку прикази.

Што се однесува до внатрешноста, останува вообичаениот дизајн, иако со неколку промени. На пример, куќиштето би било слично на она кое можеме да го видиме кај MacBook Pro, таканаречената дебелина поради која дното на компјутерот визуелно изгледа како да излегува од површината на масата. За да се нагласи оваа Pro карактеристика, во понудата исто така би можеле да ја најдеме и Space gray нијансата.

Кога зборуваме за приклучоците, нашите соништа би можеле да бидат малку амбициозни, барем кога ќе ја земеме во предвид новата филозофија на Apple за дизајнот; според нашето мислење, четири Thunderbolt 3 приклучоци би го преземале местото на двата моментни Thunderbolt 2 приклучоци, заедно со USB-C портот, секако.

За да се подобри корисничкото искуство: HDMI (2.0) би останал, би вклучиле поразвиен Ethernet приклучок со 10 Gbit брзини, како и читач на SD картички, 3.5 mm и комбиниран приклучок за слушалки. Поради целината, исто така би вклучиле и два USB 3.1 приклучока.

Она што би можело да биде уште поизвонредно се вентилациските отвори на задната страна на уредот, кои би биле три пати поголеми од нивната вистинска големина. Па, тоа не е случајност, бидејќи за професионална употреба е неизбежен помоќен процесор, а во нашиот концепт од соништата тоа би била 8. генерација на Intel Kaby Lake G процесорите. Споменатиот процесор е 4-јадрен процесор (со 4,2 GHz Turbo Boost) и RX Vega M видео картичка, со дополнителни 4GB HBM меморија. Кога сето тоа ќе го преведеме во користење и перформанси, ова 100W TDP чудовиште би било помоќно од врвниот iMac од пред неколку години…

Како што е познато, Mac mini може да се купи без екран и други податоци, тоа е тоа што делумно придонесе и за неговиот голем успех, бидејќи на тој начин компјутерот можеше да се купи по пониска цена, а во случај некој да има свои периферни уреди, можеше да ги користи со Mac mini без никакви понатамошни проблеми. Меѓутоа, не заборавајте на оние кои, сепак, би сакале да го изберат Apple кога се работи за екранот и тастатурата. Ви го претставуваме долгоочекуваните Apple Display и Magic Keyboard со TouchBar, онака како што ние ги замислуваме!

Додека екранот би го користел вообичаениот 5K панел, рамката значително би се намалила, како и дебелината. Што се однесува до поврзливоста, нудиме исклучиво Thunderbolt 3 приклучоци, со кои би можеле да ги наполниме нашите MacBook уреди во текот на користењето, слично на она што го прават LG екраните, што ги препрачува Apple. Секако, не би ги изоставиле ни квалитетните, вградени старео звучници, ниту веб-камерата. Покрај тоа, ќе го поздравиме доаѓањето на Face ID и на овој Apple уред.

Touch Bar Magic Keyboard и претходно се споменуваше, така што нема да трошиме зборови на тоа: Magic тастатура со Touch Bar. Па, во канцеларијата не се сите мислења дека ваквиот производ би имал оправудавање, но сепак, зошто да не?

Viktor, alias K1l1m6n и неговата работа можете да ја следите и на другите платформи:

Нашите претходни концепти:

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.