imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

MacBook Pro 2023 – Концепт на заедницата


Каков вид на компјутер би можел Apple да им понуди на напредните корисници за 5 години? Замисливме нешто прилично големо врз основа на повратните инормации и идеи кои ги добивме во iMagazin заедницата!

Да почнеме

Оние кои редовно го следат iMagazin можеби веќе знаат дека одвреме навреме пробуваме да прикажеме различни концептуални уметности на непостоечките производи на Apple кои ги создале обожавателите. Меѓу нив можеме да пронајдеме такви кои се само иделистички фантазии, но и такви кои навистина би можеле да бидат налик на постоечките производи. Што се однесува до фотографиите, можеме да пронајдеме такви кои се прилично детални и со исклучително висок квалитет, но можно е да се наиде и на такви кои се со нешто понизок квалитет.

Меѓутоа, никогаш не сме откриле коментар под нашите текстови кој би гласел: Да, навистина веруваме дека избраниот производ ќе изгледа токму така во избраната година. Како MacBook Pro ќе изгледа за пет години? – е прашањето кое ни падна на ум. И каде би можеле да го побараме одговорот на тоа прашање, освен во рамките на iMagazin заедницата? Во последните неколку години, откривме многу забелешки, белешки и желби под текстовите. Конечно, креиравме приказ со кој целата заедница на iMagazin може да се идентификува. Значи, не ни преостанува ништо друго туку со голема гордост да ви ја претставиме вашата концептуална уметност на MacBook Pro 2023.

Кој компјутер точно можевме да го откриеме во видеото? Одиме чекор по чекор.

Традиции во модерен облик

Во дизајнот и материјалите, би можеле повторно да му посакаме добредојде на алуминиумското и поликарбонатно тело на MacBook од крајот на 2009. година. Компјутерот кој го замисливме би можел да има идентични димензии како и сегашните 13-инчните модели. Но, имајќи на ум дека Jony Ive би можел да има сигурно место во Apple во следните пет години, ја намаливме дебелината од 14.9 мм на 11 мм. Очигледно, тоа имаше влијание и на тежината, која од сегашните 1,35 кг може да се спушти на 1,05 кг.

Кога се работи за приклучоците, имавме прилично радикални идеи. Прилично е невозможно сценариото дека 3.5 милиметарскиот влез за слушалки, кој во 2016 беше отстранет од iPhone, ќе остане во 2023. година. Тоа би можело да не натера да му кажеме збогум на последниот приклучок што не е USB-C. Меѓутоа, за возврат би можеле да добиеме четири Thunderbolt 4 приклучоци со bandwidth од 80 Gb/s. Тоа би можело да овозможи напојување на два 8K екрани на 120HZ – истовремено.

Без рамки

Најголемата разлика која би можеле да ја видиме е екранот, кој конечно би можел да биде засилен со OLED технологијата. Благодарение на тоа, главните функции на екранот би можеле да бидат: спектакуларен контраст, неверојатно убави црни бои и дизајн без рамки. Исто така, тоа би значело дека форамтот на екранот би требало да се промени од 16:10 на 3:2.

Очигледно, неопходен е и растот на густината на пиксели. Моментната резолуција од 2560 х 1600 пиксели која покажува 227 ppi би требало да биде променета на 3120 х 2080 пиксели, што би можело да резултира со 272 пиксели по инч. Исто така е важно дека во нашата визија, светлината за пет години би можела од 500 да порасне на 1000 нита и како што веќе искусивме со iPad Pro, стапката на освежување на екранот би можела да се зголеми од 60Hz на 120Hz. Се во целосно енергетски поефикасен облик.

Следејќи го трендот од другите линии на производи, Touch ID и на MacBook би можел да биде заменет со Face ID. Се надеваме дека дотогаш ќе биде достапна нова верзија која може да работи без засек и која може да се вгради под екранот. Благодарение на невидливиот Face ID, како што ние го нарекуваме, екранот на MacBook Pro 2023 би можел да биде само една, обединета и непрекината плоча.

Под капакот

Она што би можело да биде и повеќе од очигледно е дека големината на матичната плоча многу би можела да се намали. Тоа би можело да биде навистина корисно во многу аспекти. Достапниот слободен простор би можел да биде пополнет со поголема 77.8 Wh батерија, која би можела да пружи 16 часа работа на батеријата, поради што би можеле да заборавите на полнење во текот на целиот работен ден. Дури и со прекувремена работа :).

Сето тоа нема да биде можно без примена на други решенија за заштеда на енергијата како втората генерација на Apple XM процесорите со 25W TDP, кој би можел да биде направен ексклузивно за преносните компјутери. Шест-јадрениот процесор кој би можел да изврши 3,4GHz основен clock speed со Turbo Core do 5,2 GHz исто така би можел да има 16GB HBM 4 (High Bandwidth Memory) меморија вклучена за да се засили GPU. Така максималниот капацитет на компјутерот би можел да има 7.5 терафлопи. За тоа време, GPU би можел да биде дизајниран од самиот Apple, но архитектурата и натаму би била AMD.

13-инчниот модел би бил достапен со два различни XM процесори: од една страна тука би бил споменатиот XM6 (6-јадрен) и XM8 (8-јадрен). XM8 би можел да пристигне со намалена фреквенција на тактот. 15-инчниот модел би можел да биде опремен со XM10 и XM12 процесори. Претходниот би можел да работи со 3.2GHz основа и 5.0GHz Turbo Core фреквенција на тактот. Графичката изведба на поголемиот Pro модел би можела да биде неверојатна: 10 терафлопи: една прецизност и до 20 терафлопи: половина прецизност. Овој модел би можел да биде опремен со 32GB HBM 4 меморија.

Кога се работи за RAM меморијата, основните модели би можеле да имаат 32GB LPDDR5, кои би можеле да бидат конфигурирани до 128 GB. Меѓутоа, капацитетот на складирање би можел да биде малку краток, моделите на влезно ниво според наше мислење би вклучувале само 512 GB SSD. Очигледно, и тоа би можело да се конфигурира до 4 TB – тоа би било само прашање на пари. На тој начин, брзината не би можела да биде проблематична: максималната бзрина на запишување би можела да достигне 8,5GB/s и читање 9,5GB/s.

Како и во случајот на секој пријатен концепт за око, би требало да вклучиме и видео.

Сите прикази ги создаде Виктор aka K1l1m6n, новиот член на нашиот тим, кој моментно студира индустриски дизајн. Во случај да сакате да му поставите стручно прашање, слободно прашајте го, сигурен сум дека ќе сака да навлезе во детали. Во случај неговата работа да ве воодушеви, поченете да го следите на Instagram и Behance. На behance дури и создаде страница на тековниот проект која би можела да биде корисна дури и за прикажување на 2023 производот на Apple – дефинитивно се исплати да се погледне.

Овој концепт не би можел да заживее без вашите коментари и повратни информации. И натаму ќе сметаме на мислењето на iMagazin заедницата: пишете дали ви се допаѓаат фотографиите, какви промени би направиле и кои концепти би сакале да ги видите во иднина.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.