imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

macOS Mojave: Користете го Dark Mode како професионалец


Без сомневање, најспектакуларната иновација на новиот систем ќе биде Dark Mode. Ќе ви го покажеме новиот професионален трик со помош на кој ќе можете да го вклучувате и исклучувате Dark Mode како нинџа за кратенки.

Веќе пишувавме за Dark Mode и за тоа како да го активирате. Како што можевте да видите, за да го активирате Dark Mode, морате да влезете во соодветното мени; System Preferences и таму да го поставите овој начин на работа. Тоа и не е некој предизвик, ако го поставите и оставите до следната повторна инсталација. Но, што ќе се случи ако сакате секојдневно да се изменува? Во текот на денот сакате светла тема, а за навечер нешто потемно – баш како и во случајот на Dynamic Desktop позадината. Ако сакате такво нешто, поставувањето е малку покомплицирано, но не и невозможно. Ќе ви покажеме трик!

  • Отворете ја апликацијата Automator
  • Кликнете на ‘Нов документ’
  • Изберете ја опцијата ‘Услуги’ на менито кое ќе се појави
  • На горното паѓачко мени изберете ја опцијата Без внес (ако имате уред со Touch Bar можете да изберете икона од менито Photos со која ќе се појави на OLED лентата)
  • Побарајте го зборот Apple во менито Action кое се наоѓа на левата страна и изберете ја опцијата ‘running Apple Script’
  • Копирајте го следниот код во текстуалното поле на скриптата:
  • tell application “System Events”
    tell appearance preferences
    set dark mode to not dark mode
    end tell
    end tell
  • Потоа, подгответе нови поставки преку File > Save и дајте им разумно име како што е “Dark Mode”
  • Сега се што треба да направите е да отидете на System Preferences > Keyboard > Shortcuts и да ја изберете опцијата Услуги на левата страна
  • Ако е се во ред, новонастанатиот ‘Dark Mode’ ќе се појават на врвот на листата.
  • Кликнете на него, притиснете Add и внесете единствена комбинација на кратенки.

И готови сте! Отсега едноставно можете да преминувате од светла тема на темна, а комбинацијата на кратенки можете да ја ставите дури и на Touch Bar, ако тоа го сакате.

Извор: AppleInsider

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!