imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

macOS Mojave: Организирајте ja вашата неуредна работна површина со еден клик


Новиот компјутерски систем на Apple донесува многу возвудливи функции. Една од најспектакуларните меѓу нив ги остварува сите соништа на уредните и организирани корисници. Допуштете ми да ви го претставам Stacks.

Оние кои го гледаа WWDC сигурно знаат дека Stacks е името на новата функција наменета за оние со OKP, со која можете во еден момент да ја исчистите целата своја работна површина.

Посебно, бев пресреќен штом го слушнав тоа, а сега кога е лансирана првата јавна бета верзија на Mojave, практично бев екстатичен. Опседнат сум со организирање на фајлови, но понекогаш едноставно се откажувам под лавината скриншотови и фајлови за работа. Тука на сцена стапува Stacks!

Stacks автоматски ги организира вашите фајлови и спречува настанување на неред на работната површина. Ако ги групирате вашите фајлови по вид, фотографиите, документите, графиконите, PDF-овите и другите фајлови сами ќе го најдат своето место. Ако ги организирате фајловите по датум, можете да ги поделите во различни периоди. А ако ги означите фајловите по метаподатоци специфични за одредени проекти, кожете полесно и поефикасно да се носите со повеќе фајлови во исто време. Можете да ги прегледувате фајловите сместени во Stacks со помош на курсорот и да отворате што сакате.

Оваа функција можете да ја активирате во три чекори:

  1. Finder да ви биде активен прозорец.
  2. Одете на View во лентата на менито.
  3. Потоа изберете ја опцијата Stacks.

И тоа е тоа! Ќе можете да ја уредите работната површина без оглед на тоа колку е запуштена. Толку свежо, толку чисто!

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.