imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

macOS Mojave: Фотографијата од iPhone донесете ја на вашиот Mac


Благодарение на новата иновација на macOS Mojave, iPhone и Mac се се поблиску и поблиску, проширувајќи ги можностите што се наоѓаат во екосистемот. Ајде да видиме како да направите фотографија со вашиот iPhone, која автоматски ќе се појави на вашиот Mac.

Continuity камера. Сигурен сум дека има некои различни, а понекогаш и лоши преводи на различни јазици, но не треба да дозволите да ве измамат. Ова е одлична функција што сум сигурен дека многу ќе ја користите, ако сте сопственик на iPhone и Mac.

Сите знаеме дека можеме да креираме одлични слики со камерата на iPhone, а да не спомнуваме дека, исто така, може да се скенираат документи. Apple направи малку brainstorming и ја вклучи можноста во MacOS Mojave и iOS 12. Отсега натаму и Mac компјутерите ќе можат да ги уживаат функциите на камерата на iPhone. Оригиналното објаснување е следното:

“Сега можете да го користите вашиот iPhone за да сликате објект во близина или да скенирате документ и потоа автоматски да се прикаже на вашиот Mac. Само изберете Вметни слика од менито Уреди. Можете да направите фотографија од нешто на вашата работна маса и веднаш да ја видите во вашиот Pages документ. Или скенирајте некоја потврда, и зајакнатата верзија веднаш ќе биде достапна во Finder како PDF. Continuity камерата работи во Mail, Notes, Pages, Keynote, Numbers и друго. Тоа е уште еден начин на кој iPhone и Mac едноставно функционираат”.

Со цел ефикасно да ја користите функцијата, не треба ништо друго освен да направите десен клик во некоја од поддржаните апликации и од менито кое ќе се појави, изберете ја опцијата “Take Photo” или “Scan Documents” – во зависност на она што сакате да го направите. По неколку секунди, прегледот на камерата се појавува на вашиот телефон (дури и ако е заклучен), само треба да сликате и веднаш потоа можете да ја видите вметнатата фотографија во дадената апликација, откако ќе одобрите. Едноставно и елегантно.

Имајте на ум дека за да ја користите претходно споменатата функција, треба да ги имате iOS 12 и macOS Mojave на вашите уреди и мора да го користите истиот Apple ID. Идентично како и во случајот на другите Continuity функции (Universal Clipboard, Handoff, Instant Hotspot итн.). Врз основа на нашето искуство, бета фазата може да се почувствува кога ја користите Continuity камерата, и можеби се уште има простор за мало подобрување.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.