imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

macOS Mojave: Прилагодување на дозволите за камера и микрофон


Заборавете на прекривање на камерата: допуштете ни да ве запознаеме со прилично едноставна лекција за тоа како да се биде екстремно сигурен во онлајн просторот.

Секој од нас има еден пријател кој е „експерт за сајбер-сигурност”, а прилично сум сигурен дека и секој уред има барем еден човек кој ја прекрива вградената камера, уверен дека така никој нема да може да го следи. Не знам како оваа навика така брзо се прошири, но мене повеќе би ми пречело кога некој би ги надзирал моите повици итн., отколку да ме гледа низ камера.

Сега параноичните колеги можат да бидат среќни, бидејќи во macOS Mojave постои посебно мени во кое можете да проверите кои апликации имаа дозвола да и пристапат на вашата камера или микрофон. Пред да се впуштиме во детали, важно е да се напомене дека во macOS Mojave на апликациите им е потребна дозвола во секој случај.

Можеби сте навикнати на тоа на iPhone или iPad, каде исто така морате да им дадете дозвола на апликациите за да пристапат до вашата камера, микрофон и локација, а да не споменуваме дека тоа ви е потребно за да го отворите Camera Roll. Секако, тоа не е баш едноставно, на апликациите ќе им треба AVFoundation API за тоа, а апликациите кои потeкнуваат од непознати програмери можат да ги запрат T1 и T2 чиповите.

Направете го следното за да се согласите на тоа апликацијата да го користи микрофонот или веб камерата:

  • Изберете Поставки на системот и потоа кликнете на Сигурност и приватност.
  • Кликнете на табот Приватност на врвот.
  • Кликнете или на Камера или на Микрофон за да управувате со дозволите.

Тука можете да го оневозможите допуштањето за апликациите на кои сакате да им забраните користење на камерата или микрофонот. Voilá, повеќе нема да ви биде потребен фластер на камерата.

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.