imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

macOS: Ослободете се од известувањето „Вашиот диск е речиси полн”


Во случај и вам да ви здодеале известувањата кои се појавуваат речиси секоја секунда, сега можеме да ви понудиме лек. Ваерувајте ми, постои решение поради кое веднаш ќе го здогледате светлото на крајот на тунелот.

Сопственик сум на MacBook Pro 128 GB. Тоа е обично доволно за складирање на се што ми е потребно, моите важни документи одлично се вклопуваат во iCloud, слушам музика на стриминг услугите, а ако преземам филмови, обично ги бришам по првото гледање. Едноставно речено, не ми треба повеќе за да ги исполнам своите кориснички навики. Меѓутоа, во последно време имав неколку проекти кои бараа поголеми фајлови и не морав долго да чекам на првото известување „Вашиот диск е речиси полн”

Па добри, ќе кликнам на „Затвори” и продолжувам да го живеам својот живот. И повторно, повторно и повторно. Единствен начин да исчезне е да се кликне на известувањето. Ми пречи на видеото кое го гледам. Се појавува на работ на Pages прозорецот. Го гледам на работната површина. Ме лути.

Дури и кога имам дополнителни 18 GB простор за складирање, кои сочинуваат 18 проценти од целокупниот SSD. Би разбрал известување дури и кога би се појавило во момент кога сум ги потрошил последните гигабајти, но верувам дека предупредувањето со ограничување од 20 GB е претерување кога се работи за компјутер со 128 GB. Пробав да го решам проблемот на следниот начин: отстранив се што можев. Работите кои во нормална ситуација би ги задржал, но толку сакав да се ослободам од ова здодевно известување, што бев подготвен да ги жртвувам своите фајлови

Меѓутоа, ни тоа не помогна, туку само ги одложи работите. Подоцна го пронајдов крајното решение, кое би сакал да го поделам со вас.

  • Отворете Terminal
  • Внесете го следниот код:
    defaults write com.apple.diskspaced minFreeSpace 10

Со помош на овој код можете да го намалите зададеното ограничување од 20 GB на 10 GB, по кои системот го праќа известувањето. Во согласност со тоа, можете да внесете било кој префериран број, а не само 10. Во сличај да ви е потребно порадикално решение, исто така можете да го употребите и

launchctl unload -w /System/Library/LaunchAgents/com.apple.diskspaced.plist

кодот. Со користење на овој код, во целост ќе го искличите известувањето, што воопшто не е лошо решение, но кога вашиот простор за складирање ќе стане навистина полн, тоа може да предизвика сериозни проблеми, така што не би ви ја препорачал оваа опција. За да го вратите споменатиот код, треба да го внесете следниот:

launchctl load -w /System/Library/LaunchAgents/com.apple.diskspaced.plist

Бидејќи системот ги чита овие кодови само по стартувањето, нивниот ефект ќе можете да го забележите само по повторното покренување на уредот.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.