imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

macOS: Управување со RAR фајлови


RAR е еден од оние формати на фајлови со кои macOS не може да управува според зададените поставки. Ќе ви покажеме некои решенија во Terminal за повеќе да не треба да преземате посебни апликации за извршување на одредени задачи.

macOS всушност знае да се носи со многу формати на фајлови, па во поголем дел од случаите не ви е потребна помош од апликации од трети страни. За жал, RAR е меѓу исклучоците. За да морате повремено да се справувате со такви фајлови, подобро е да се прескокнат лошите решенија и да се избере поелегантен метод преку Terminal.

За почеток, инсталирајте го Homebrew пакетот за управување. Внесете ја следната наредба во Terminal и притиснете Enter:

/usr/bin/ruby -e “$(curl -fsSL https://raw.githubusercontent.com/Homebrew/install/master/install)”

Кога ќе ја довршите инталацијата, отворете нов прозорец во Terminal и внесете го следното:

brew install unrar

Откако ќе ја одработите оваа задача, ќе можете да управувате со едноставните RAR фајлови преку Terminal. Еве неколку едноставни наредби кои добро ќе ви дојдат:

  • Одзипувајте во фолдер: unrar e xyz.rar /pathToExtractTo – на пример., unrar e /Desktop/Sample.rar /Desktop/MyFiles/
  • Излистајте ја содржината на архивата: unrar l file.rar – на пример., unrar l /Desktop/Sample.rar
  • Тестирајте го фајлот: unrar t file.rar – на пример, unrar t /Desktop/Sample.rar

[„/Desktop/Sample.rar“ патеката е за самиот RAR фајл.]

Напомена: Можете да ја копирате патеката до фајловите така што ќе притиснете со десното копче на фајлот, ќе одите на Option па ќе изберете „Copy xyz.rar as Pathname“, но доволно е да го повлечете фајлот во прозорецот на Terminal.

Извор: TechRadar

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!