imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Microsoft го објавува прегледникот Edge за iOS


Од неодамна, Microsoft пробува да ги здружи мобилните платформи iOS, Android и Windows. Како дел од оваа иницијатива, ја објавија верзијата на помалку популарниот прегледник Edge за двата мобилни оперативни системи.

Не сме сосема сигурни дека овој чекор значително помогна за остварување на оваа идеја, но барем се тврдат. Со спроведување на нерепрезентативното истражување помеѓу луѓето, резултатите покажуваат дека прилагодениот прегледник на Microsoft, Edge во просек се користи само еднаш при инсталацијата на Windows: кога корисниците преку него го преземаат Google Chrome или било кој друг прегледник од трета страна. Но, Microsoft не се откажува и прави се што може со цел корисниците да го засакаат Edge.

На пример, со објавување на најпопуларните мобилни платформи. Моментно, оваа можност може да се добие преку Microsoft бета програмата, Microsoft Insider, но планирано е дека прегледникот ќе биде објавен и ќе им биде достапен на сите останати корисници до крајот на годината. Сепак, сите авантуристи или сите кои се едноставно љубопитни, можат да го испробаат прегледникот. Треба само на кликнете на овој линк и морате да имате компјутер со Windows 10 Insider Preview на него.

Што ќе најдете таму? Засега, не многу. Најголемо постигнување досега е функцијата која изгледа слично на Handoff, која е наречена „Продолжи на PC“. Како што можете да заклучите од името, можете да продолжите да ја прегледувате веб-страницата која сте ја гледале на својот мобилен уред на вашиот десктоп компјутер со помош на еден единствен допир. Можеме да замислиме дека оние кои користат Edge на Windows ќе бидат многу среќни поради оваа функција, но навистина не мислиме дека тоа ќе ги поттикне луѓето да се префрлат од еден прегледник кој работи совршено на друг прегледник.

Посебно бидејќи недостасуваат битни функции како синхронизацијата на прегледникот на Историјата. Да, буквално нема никаква врска помеѓу Edge на мобилните уреди и PC освен во однос на претходно споменатата функција Продолжи на PC, па тоа значи во целост различни искуства на прегледување. Иако е вистина, Microsoft вети дека функцијата наскоро ќе излезе, само мораат да подготват десктоп верзија претходно за тоа.

Слично на тоа, поддршката за таблети и Cortana исто тако недостасува. За возврат ги имаме Ознаките и синхронизацијата на листата за читање, и уште поважно од тоа: изборен пребарувач. Microsoft призна дека ако пресилни го буткаат Bing, ќе предизвикаат голема штета, поради што овој избор го направија опционален. Ќе можете да ги користите решенија на Google и Yahoo без проблеми. Нема ништо што навистина би можеле да го погледнеме во поставките, ова мени служи за бришење на историјата на прегледување, оневозможување на скокачки прозорци и овомозжување и оневозможување на снимање на лозинките.

Ако сте голем љубител на Edge за PC, се исплати да му дадете шанса, но во било кој друг случај тоа не се препорачува, бидејќи овие функции недостасуваат.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!