imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Microsoft ќе овозможи iMessage поддршка за Windows


На годинашната конференција за програмери на Microsoft, компанијата го претстави своето ново решение за приближување на Windows кон другите мобилни платформи. Дел од планот е и воведување на поддршка на iMessage. Но најпрвин треба да проверат со Apple за тоа.

Помеѓу 7 и 8 мај, Microsoft ја одржа својата годишна конференција за програмери наречена Build. Едно од главните соопштенија беше целта за приближување на Windows до другите мобилни платформи. Сега, кога Windows Mobile официјално беше пензиониран, Microsoft би сакал да остане на теренот.

Во пракса тоа значи апликација наречена ‘Your Phone’ која може да ги синхронизира податоците, пораките, фотографиите, контактите и друго со Windows од било кој телефон. Велат дека со Android ќе функционира без проблем и дека можат да бараат фотографии од iOS уредите, но iMessage пораките се покажаа многу тврдоглави и одбиваат соработка со Windows.

Во интервју за The Verge, генералната менаџерка на Microsoft, Shilpa Ranganathan рече дека Apple се потрудил да го отежни пристапот до овие пораки, но дека би сакале да соработуваат со нив.

Сакам ова да го изведам со поддршка и со почит кон екосистемот што го градиме и во исто време да создадеме прекрасно искуство. Пораките се една од областите во моментов со кои не можеме да се споредиме со Android, но треба да работиме со Apple.

Идејата ќе биде поздравена од многумина, бидејќи iMessage е еден од најдобрите, длабоко интегрирани и да не заборавиме безбедни апликации на пазарот и достапна е само за iOS. Корисниците постојано изразуваат желба Apple да ја промени својата услуга во меѓуплатформска. Но, тоа е само сон.

Да бидам искрен, мислам дека Microsoft нема да успее да влијае врз Apple да го промени ставот. Не е јасно како Apple би профитирал од овој договор. Од една страна, со ова би можела да се намали продажбата на Mac, а од друга, не би му помогнало на Apple да ја прошири базата на корисници.

Можно е Ranganathan да мисли дека градат сопствен екосистем во Microsoft, но факт е дека во поглед на екосистемот, Apple е на познат терен. А iMessage е клулен елемент на нивните решенија. Искрено се сомневам дека само така ќе им предадат нешто толку важно на своите конкуренти.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!