imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

MIT разви уред за „читање мисли”


Легендарниот Институт за технологија во Масачусец, приватниот истражувачки универзитет во САД ја заслужи својата врвна репутација. Сега развија уред кој го разбира „внатрешниот говор”. Во комбинација со дигиталниот помошник, можностите се бескрајни…

MIT несомено е една од најпознатите и најиновативни технолошки институции во светот, а многу важни напредни идеи се резултат на работата во лабораториите во нивниот кампус. При оваа прилика нивните инжинери развија научно-фантастичен уред кој ви овозможува да комуницирате со машините користејќи природен јазик. Самата функција не е револуционерна, бидејќи на ист начин разговараме со Siri, но во овој проект наречен AlterEgo се користи невербална комуникација.

Иако звучи како да се работи за читање мисли, ова е сосема обична технологија. Добро, можеби не баш сосема обична, но изразот „читање мисли” е сигурно претеран. AlterEgo не ги чита вашите мисли, туку прима електрични сигнали создадени со суптилните, но намерни движења на органите за внатрешен говор.

Кога зборувате, вашите органи за говор добиваат раканаречена артикулациска конфигурација. Со други зборови, се работи за „поставки” на органите кои ви овозможуваат да произведувате звуци, односно зборувате.

На пример, во случај на звук, гласните жици цврсто се стегнуваат, горниот дел на јазикот го допира мекото непце, а потоа се отвораат усните. Потоа субглоталниот притисок под гласните жици почнува да расте, а кога ќе достигне одредено ниво, а ако притисокот е доволен, саканиот звук – заднонепцестиот согласник – ја напушта усната шуплина.

Интересно, истиот овој артикулациски гест можете да го направите и кога „разговарате сами со себе”. Но, тоа е внатрешен говор. Значи, можете да зборувате во себе и да ги поместувате мускулите кои соодветните уреди можат да ги препознаат. Токму тоа го прави AlterEgo. Благодарение на тој уред, можете да разговарате со уредот со затворена уста, па никој да не знае што зборувате.

Исто така, од уредот доаѓаат и слушалки кои го пренесуваат звукот преку коските. Ушите ви се слободни бидејќи уредот испраќа вибрации во коските на черепот, кои ги препознавате како звуци. Накратко, можете да зборувате без отворање на устата и да слушате без уши. Како што рековме, научна фантастика…

Секако, уредот се уште е во развојна фаза, па повеќе внимание им е посветено на можностите на комуникација отколку на естетиката. Сепак, технологијата е родена, па сега само треба да се подобри.

Ако ја ослободиме фантазијата, можеме да замислиме иднина во која понапреден вид на овој уред се вградува под кожата и и се фиксира на черепот. Во комбинација со дигиталниот асистент, би можеле да имате директен пристап до интернет и да ги развивате своите когнитивни вештини.

Извор: MIT

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.