Компанијата создаде ултимативна реклама за да ја направи попопуларна неодамна претставената нова функција на FaceTime. Конечно, реклама на Apple која е смешна.
Сонцето заоѓа и осамениот имитатор на Елвис седи сам, а единствено друштво му е неговиот неразделен пријател – неговата гитара, по што почнува да пее тажна песна. Што друго освен еден од хитовите на Кралот, There’s Always Me. Но, нема да мора долго да чека. Низ светот постојат многу осамени имитатори на Елвис, кои можат да се поврзат едни со други преку групниот FaceTime повик, во кој можат да учествуваат до 32 члена.
Тоа е кратката приказна на новата реклама на Apple, која синоќа пристигна на нивниот YouTube канал. Кој некогаш би помислил дека FaceTime повиците ќе го добијат едно од најдобрите видеа?