imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Можам ли да го користам полначот од MacBook за полнење на својот iPhone?


Најновите iPhone уреди го поддржуваат брзото полнење. Но како можете да дознаете дали Вашиот USB-C MacBook полнач е прикладен за полнење? Ќе Ви покажеме што би требало да знаете и на што би требале да обратете внимание.

Иако тоа Apple не го нагласи, најновите iPhone модели веќе имаат поддршка за брзо полнење кое ќе Ви овозможи да ја наполните до пола батеријата за половина час. Веќе споменавме дека за тоа е потребен само USB-C to Lightning кабел и USB-C адаптер со способност за Power Delivery – најефтината е 29W верзија.

Но се појавија многу прашања: што е со оние на кој перформансите им се над 29W? Доколку дома го имате 87W адаптер, ќе мора ли да го купите помалиот? Притоа, дали ќе можете да ги полните Вашите iPad уреди? Што е пак со Android полначите и другите уреди од трети страни за полнење на Вашиот iPhone? Еве ги наједноставните одговори.

Ова дефинитвно ќе биде потребно.

Како би го добиле најпрофесионалниот и сложен одговор, посетете ја страната на Apple која е посветена за ова. За среќа тука пишува сè и можеме да кажеме дека:

  • Било кој од 29, 30, 61 или 87W Apple USB-C адаптери е прикладен за брзото полнење. Нема да го уништете уредот дури и кога би го поврзале со адаптерот на 15” i9 MacBooka Pro. Главната причина е што Вашиот телефон одредува колку полнења зема од полначот, а не обратно.
  • Било кој друг USB-C адаптер од трети страни со исти перформанси може да биде прикладен за брзо полнење, но само ако го поддржува USB Power Delivery (USB-PD) стандардот, со што ќе можете слободно да ги користете.
  • И да, неколку iPad модели можат да го поднесат брзото полнење. Комплетниот список на уреди кои го поддржуваат брзото полнење е следниот: iPhone X, iPhone 8, iPhone 8 Plus, 12.9” iPad Pro (двете генерации) и 10.5” iPad Pro.

Со друѓи зборови, било кој од погоре наведените уреди може да се поврзе со USB-C полначите за MacBook или со други адаптери кои ги поддржуваат Power Delivery стандардите за да се наполнат брзо.

via 9tomac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.