imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Можат ли властите присилно да го отклучат Face ID?


Благодарение на FBI, на дневен ред повторно се најде прашањето на чудниот однос помеѓу различните владини тела и решенија со биометриска автентикација, кои можат да се пронајдат на мобилните телефони.

FBI и Apple се стари познаници кога се работи за прашањето „кој е посилен”. Во случај да сте заборавиле, само сетете се на расправата за енкрипција помеѓу Apple и FBI во врска со пукањето кое се случи во Сан Бернардино пред три години.

Имено, тоа беше случај во кој властите успешно го запленија iPhone-от на извршителот, но не можеа да го отклучат поради сигурносната лозинка. Му се обратија на Apple за помош, но компанијата одби соработка поради проблемот со приватноста на корисникот.

Случајот беше од голема важност за медиумите, и почнувајќи од Snowden па до Обама, сите го споделија своето мислење за тој проблем. Да не споменувам дека таквите законски начела се сфатени во САД дека е незаконски да се присили извршителот да ја каже неговата или нејзината лозинка.

Во текот на истрагата за детска порнографија, FBI тргна во акција и го одзема осомничениот iPhone X со Face ID. Наводно, еден од детективите прашач (во реалноста веројатно мораше да биде посилна наредба) на осомничениот да го отклучи уредот со помош на своето лице. Во овој случај, наводниот осомничен одлучи да соработува, меѓутоа, најинтересен дел не е тоа, туку фактот дека е откриено следното:

Законски, Face ID ги нема истите услови како и лозинката.

Во случајот на лозинката, властите не можеа да го побараат/присилат осомничениот. Ова е прв познат случај кога американските власти можеа да продолжат вака, со одобрување на судијата, што би можело да биде важен чекор во добата на мобилни телефони со биометриска идентификација, имајќи во предвид дека американскиот правен систем се потпира на преседани.

Што мислите вие? Можат ли властите да го присилат осомничениот да го отклучи својот телефон кога имаат налог за претрага? Зошто Face ID и лозинката се разликуваат?

Извор: The Verge

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.