imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Можете да ги користите iPhone уредите уште подолго


Според неодамнешниот извештај на аналитичарите, купувачите во 2019. година би можеле да ги задржат сбвоите iPhone уреди четири години, наместо три. Воглавно поради издржливите процесори, достапните замени на батериите и цената.

Во напомената на аналитичарот на Bernstein, Tonѕ Sacconaghi стои дека просечниот корисник, по четири години користење, ќе се префрли на нов модел. Тоа значи една дополнителна година, во споредба со претходните три години во 2018. Што би можело да биде причина за тоа?

Еден аспект Tim Cook детално го објасни во најновите тримесечни финансиски резултати. Според неговите зборови, една од главните причини е тоа што оригиналните батерии чинеле третина од својата изворна цена и многумина ја искористија таа прилика и ги заменија батериите по многу поповолна цена. А новата батерија навистина може да го продолжи животниот век и да ги подобри перформансите на постариот уред. Меѓутоа, лидерот на Apple  призна дека и одредувањето на цените може да биде голем фактор.

А тука е и уште еден аспект, што го спомена Sacconaghi. Од iPhone 6, процесорите од А-серијата станаа толку моќни, што надградбите не само што пружија подобро корисничко искуство, туку и го продолжија животниот циклус на уредите.

Интересен аспект на извештајот е тоа дека создавањето на толку издржливи уреди е прилично контрапродуктивен чекор. На тој начин, секоја година ќе се купуваат се помалку и помалку нови уреди. Меѓутоа, мораме да додадеме дека оваа тенденција воглавно ја предизвикаа повисоките цени и фактот дека пазарот е прилично полн, поради што и подготвеноста на купување нов уред е пониска од претходно.

Но, тоа се само зборови на аналитичарите. Не можеме да бидеме сигурни дека се вистинити. Што мислите вие? Дали поможниот процесор ви е важен и дали ве привлекуваат новите функции?

Извор: CNBC

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.