imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

На многумина ќе им се допадне новата верзија на Skype


Заматувањето на позадината на видео повиците би можело да биде корисно. Под услов да работи!

Skype веќе долго време не владее на пазарот на апликации за допишување, но кога се во прашање деловните разговори, е најчест избор. Секако, тука се и нашите постари роднини кои се навикнати на оваа програма, бидејќи прва научиле да ја користат. Сепак, ова естонско чудо заостанува зад денешната конкуренција.

Меѓутоа, донесуваме добри вести за оние кои секојдневно го користат: во последната надградба е додадена една корисна функција. Имено, само со еден клик можете да ја заматите својата позадина. Нема веќе погледи на неуредната соба, прашални погледи на лицата на соговорникот, а ни колегите повеќе не можат да ве задеваат.

Примената е прилично едноставна: кога разговарате, само повлечете го курсорот на глувчето со иконата за видео повик и ќе ви се појави опцијата за заматување на позадината. Не можете да ја поставите како зададена, туку треба да ја вклучите за секој повик. За да можете да ја користите, морате да ја ажурирате програмата на најновата верзија (8.38.0.138). Сепак, ова е Skype, па секогаш ви треба и малку среќа. Јас не можам да ја стартувам, ни дома, ни во канцеларијата.

Но кога работи, работи брзо и одлично. UI лесно ги раздвојува лицата од позадината, па позадината е доволно заматена, а лицата остануваат кристално чисти. Мене навистина ми се допаѓа и се надевам дека сите ќе ја користат. Мислам дека одлично би се вклопила во FaceTime и политиката на приватност на Apple.

Оваа нова функција не е ни прва, ниту единствена таква. Microsoft ја употребува во апликацијата Microsoft Team, која е дел од пакетот Office 365. Исто така, моментно е достаона само за компјутерската верзија на програмата.

Го користите ли Skype? Дали ви се допаѓа оваа нова функција?

Извор: Skype

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.