imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Надградете го вашиот macOS по секоја цена!


Многумина би сакале да пронајдат слабости во процесорите на Intel. За жал, на некои тоа пречесто и им успева. Пред една година, откриени се слабости кои им овозможуваа на вирусите како Meltdown и Spectre да им пристапат на личните податоци, како лозинки, енрипциски клучеви и други осетливи информации.

Најновиот напаѓач се вика ZombieLoad, а содржи четири моќни вируси. Името се му кажува:  го претрпува процесорот со толкава количина податоци што мора да се активира микрокод за да се спречи рушење на системот. Апликациите инаку не можат да им пристапат на заштитените податоци, но овој вирус ги укинува тие ограничувања и им отвора пат на чувствителните податоци како оние наведени во воведот.

Како во случајот на Meltdown и Spectre, овој вирус влијае на бројните уреди, речиси сите од 2011. кои имаат процесори на Intel. Тука се вклучени: Intel Xeon, Intel Broadwell, Sandy Bridge, Skylake, Haswell, Kaby Lake, Coffee Lake, Whiskey Lake и Cascade Lake чипови, како и Atom и Knight процесорите. Значи, не се погодени само Mac уредите, туку и PC компјутерите. Уште повеќе, дури и виртуелните компјутери.

Добра вест е дека се уште нема вести за напади, а надградбата на macOS Mojave 10.15.5 донесува поправка на грешката. Кога ќе го ажурирате системот, ќе се заштитите од напади. Не се предвидуваат позначајни губитоци во перформансите, па надградбата им се препорачува на сите, дури и на оние кои се уште имаат Sierrа и High Sierrа.

Накратко: се појавија нови вести за вируси во процесорите на Intel, но ако го надградите системот, ќе се заштитите од можни напади. Тоа е уште еден поттик Apple да ги произведува своите процесори.

Иако оваа надградба не би требала да предизвикува губиток на податоци, направете си услуга самите на себе и не си играјте со оган. Направете безбедносна копија на сите податоци од Mac. Сите податоци можете да ги складирате на својата iCloud сметка, или направете бекап со помош Time Machine. 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.