imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Најдобрите Dark Mode апликации за iOS по препорака на Apple


Иако Dark Mode за iOS се уште не е официјално достапен како за macOS, екранот на iPhone X има поддршка за апликации со темни тонови. Еве кои ги препорачува Apple…

Корисниците веќе предолго тежнеат за Dark Mode. Меѓутоа, Apple ја додаде оваа функција само во macOS во рамките на новата верзија на системот Mojave, кој официјалната премиера ќе ја има во септември оваа година. Прилично сум сигурен дека OLED екранот на iPhone X очајно сака да се прикаже во темни тонови и така да ги воодушеви корисниците. Се обложувам дека Dark Mode следната година ќе биде вклучен и во iOS, но дотогаш мораме да се задоволиме со апликациите дизајнирани во таков стил.

Apple направи листа на некои од нив во App Store, под името „Доаѓа ли оваа апликација во црна боја?”. Колекцијата е разновидна, а можат да се пронајдат апликации од RSS читачи до апликации за изработка на фотографии и белешки. Но, што им е заедничко? Сите имаат прекрасен темен дизајн кој прекрасно изгледа на iPhone X.

Погледнете ја листата, можеби ќе пронајдете нешто што ви се допаѓа.

Извор: 9to5mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.