imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Најдобрите тајни референци на Apple во филмовите на Pixar


Постои ли некој кој не слушнал за Monsters, Inc., Cars или Wall-E? Меѓутоа, се обложуваме дека не сте знаеле дека овие филмови се полни со референци на бројните производи на Apple.

Сигурно многумина од вас знаат дека Jobs, откако го напушти Apple во 1985. година, го откупи Pixar од Lucasfilm. Така стана најголем акционер на ова студио до 2006. година, а во некои периоди беше и негов целосен сопственик.

Имајќи го на ум тој факт, не изненадува дека во некои сцени од филовите на Pixar, можеме да ги видиме производите на Apple, но и многу често да наидуваме на референци на други компании. Да ги погледнеме најочигледните меѓу нив!

Monsters, Inc.

Во една сцена од филмот Monsters, Inc., омилениот анимиран филм од моето детство, Mike Wazowski задоволно држи списание во која е неговата слика со James P. Sullivan. Ако доволно внимателно гледате, на задната страна на магазинот ќе видите реклама на која пишува „Scare Different“. Па, општо е познато дека Apple ја пропагира кампањата „Think Different“ уште од 1997. година, па се работи за прилично очигледна референца.

Wall-E

Andrew Stanton, режисерот на филмот Wall-E, изјави во едно интервју дека EVE роботот е дизајниран за да ги потсетува гледачите на производ на Apple. Уште повеќе, креативниот тим дури и му се обрати на Jony Ive за помош.

Cars

Во овој случај се работи за толку очигледна референца што речиси може да се смета за најава. Во текот на една сцена на трка, се појавува автомобилот наречен Mac iCar со логото на Apple и бројот 84. По игра на случајот, првиот Macintosh е лансиран во 1984. година…

Извор: Mashable

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!