imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Најновата аквизиција на Apple користи green screen технологија во реално време


Apple ја купи следната компанија која ги поддржува нивните AR цели. Знаењето потребно за реализација на AR очилата се уште се проширува.

Apple со тивок маневар ја купи компанијата со седиште во Данска, Spektral. Овој стартап е специјализиран за одвојување на позадината на видеата со користење на green screenтехнологија во реално време врз основа на алгоритмите на машинското учење. Иако трансакцијата од 30 милиони долари е направена минатата година, дури неодамна е откриена.

Оние кои пробаа да направат нешто слично со помош на Photoshop, би можеле да знаат колку е тешко да се одвои позадината, воглавно кога се работи за помалку очигледните предмети како косата, алгоритмите на Spektral можат лесно да ги извршат таквите задачи на брзина од 60 fps.

Комбинирајќи ги слабоките невронски мрежи и теоријата на спектралните графови со компјутерската сила на модерните GPU, нашиот мотор може да ги обработи сликите и видеата од камерата во реално време (60 fps) директно на уредот”, објасни компанијата на својата веб-страница.

Можеби знаете дека, според Apple, проширената реалност е клуч на иднината. ARKit и неговите поврзани апликации се само почеток. Ако сите гласини се покажат точни, AR очилата би можеле да бидат претставени во 2020. година. А во меѓувреме, Apple продолжува да купува стартап компании, како SensoMotoric Instruments, кој го купија минатата година.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.