imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Најпопуларните апликации во App Store во последните 10 години


Колку и да звучи неверојатно, App Store ги отвори своите врати пред речиси 10 години. По овој повод, App Annie ги резимираше изминатите 10 години од продавницата.

10. јули, 2008 година дефинитивно се смета за незаборавен ден кој е напишан со здебелени и црвени букви во 40 годишната историја на Apple. На тој ден, пред 10 години, Apple на јавноста и го претстави App Store, кој на почетокот вклучуваше 500 апликации. Иако Steve Jobs не веруваше во концептот и повеќе им беше наклонет на веб апликациите, подоцна го промени мислењето и тоа навистина беше вистинската работа што требаше да се направи.

App Store оттогаш оствари голем напредок, донесува приходи од милијарди долари за компанијата и програмерите, а да не споменуваме дека на корисниците им се пружа висококвалитетна и огромна залиха апликации. Моментно, каталогот бои околу 2 милиони апликации кои се преземени повеќе од 170 милијарди пати. Околу 10.000 апликации остварија приход кој ја надминува сумата од 1 милион долари од преземањата.

Бидејќи годишнината е се поблиску и поблиску, компанијата App Annie направи темелно и опсежно резиме на броевите и трендовите во App Store во изминатите 10 години. Во овој текст би сакал со вас да поделам неколку интересни факти, кои се темелени на претходно споменатите податоци.

Најпопуларните апликации тогаш и денес

Што се однесува до оваа категорија, споредбата нема да биде совршена, бидејќи најраните податоци кои ги имаме се од 2010. година; сепак, можеме многу да заклучиме од нив. Пред 8 години, најпопуларна апликација беше Talking Tom Cat, не знам зошто, но се сеќавам дека сите ја користеа. Во споредба со тоа, сега победник е апликацијата Tik Tok, но се кладам дека само неколкумина луѓе слушнале за неа, бидејќи ова е апликација за социјална мрежа популарна во Кина.

Во поглед на социјалните мрежи, во овој сегмент јасно може да се види ситуацијата на пазарот. Facebook остана, иако MSN, Skype и Twitter се заменети со Facebook Messenger, Instagram и Snapchat. Фактот дека во Топ 10 можеме да пронајдеме само апликации за социјални мрежи и апликации за испраќање пораки зборува многу,

Каде најмногу трошиме?

Беше поинаку во тие денови… – вели моето “смирено” внатрешно јас. Во 2010. година, луѓето трошеа пари на продуктивност, па поради тоа таквите апликации како Document to Go, LogMeIn или Quickoffice беа најпопуларни. Меѓутоа, денес пример е Netflix & Chill, така што ги трошиме парите на серии, видеа и апликации за запознавање луѓе. “И така поминувата славата во светот”…

Омилени игри

Се кладам дека резултатите на оваа категорија нема да ве шокираат. Во изминатите 10 години, популарноста ја држеа насловите слични на денешните. Angry Birdy, Candy Crush, Clash of Clans, итн.

Трошиме на игри

Ако испитаме на која игра сме успеале да потрошиме најмногу, резултатите се прилично изненадувачки. На пример, прилично е изненадувачки дека Pokemon GO само што влегол на листата. Интересно е и дека додека игрите сочинуваа 31 процент од вкупните преземања во изминатите 10 години, 75 отсто од приходите стигнаа токму од оваа категорија. Со други зборови, трошиме повеќе пари на игри отколку на едноставни апликации, дури и ако преземаме повеќе апликации.

Цени во земјите

Споменатиот резултат не е толку шокантен ако погледнеме кои земји потрошиле најмногу во App Store. Јасно може да се види дека азискиот регион го застапуваат многу земји, а најсилната култура на гејмери се наоѓа во Кина, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван, кои се на листата.

ТОП 10

Конечно, да ја погледнеме топ 10 листата на оние апликации кои се најчесто преземани од App Store во последните 10 години. Таа и не е некакво изненадување, со оглед на тоа дека победници се воглавно апликации за социјалните мрежи и апликации за испраќање пораки.

Оние кои се заинтересирани за подетални информации, фрлете поглед на целосниот извештај на App Annie.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.