imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Направете го Google Maps позабавен со слатки мали автомобилчиња


Благодарение на инженерите на Google Maps, апликацијата стана многу симпатична, а посебно ќе уживаат секојдневните љубители на автомобилите. Ќе ви покажеме како да ја промените традиционалната сина стрелка во апликацијата во слатки автомобилчиња.

Главна карактеристика на мапата сигурно не е да се направи нејзината употреба позабавна или попријатна. Меѓутоа, кога ќе откријам нови функции во апликацијата како во овој случај, почнува, да го гледам светот со поинакви очи. Можете да ја замените сината стрелка која ја означува вашата положба во Google Maps со слатко автомобилче, а работата да биде уште подобра, можете да ја изберете и бојата и видот.

Да погледнеме како да го изберете автомобилчето кое го сакате.

  1. Отворете ја апликацијата.
  2. Внесете ја адресата и стартувајте ја навигацијата.
  3. Допрете ја сината навигациска стрелка.
  4. Изберете го автомобилот што ви допаѓа.

Можете да бирате помеѓу елегантниот црвен седан, безвременскиот зелен пикап и брзиот жолт SUV. Ниту еден не е сличен на некој одреден модел, па петтиот чекот е да ја пуштите фантазијата на волја и да го осмислите својот автомобил од соништата. Не знам дали оваа идеја му падна на ум на некој во маркетиншкиот оддел или на инженерот кој се борел со досада, бидејќи никако не придонесува за функцијата на самата услуга, освен што ја прави посимпатична. Кој автомобил вам ви е најдраг?

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.