imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Не бидете изненадени ако Вашиот iPhone отсега не сака да се полни


Apple ја вклучи безбедносната функција што ги спречува уредите на разузнавачките служби да добијат пристап до податоците што ги чуваат корисниците на своите iPhone уреди. Сепак, тоа понекогаш може да го направи вашето секојдневие потешко. Во случај да ви пречи, можете да го исклучите.

Синоќа Apple ја објави надградбата iOS 11.4.1, којa најпрвин вклучува некои поправени грешки. Сепак, претставија и нова безбедносна функција која веќе беше во iOS 12 бета, но сега, исто така, пристигна и во сегашниот систем.

Претходно пишувавме за ова прашање, но накратко се работи за следното: различни разузнавачки служби, посебно во САД, можат да хакираат iPhone уреди и да добијат пристап до податоците сместени на нив, со уред во вредност од околу 15.000 американски долари наречен GrayKey box. Што се однесува до нас, Apple не ги сака таквите трикови, а со многу едноставна мерка, компанијата го направи невозможно користењето на кутијата.

За да стане јасно, GrayKey box се обиде да ги хакира iPhone уредите преку USB конектор со методот на брутална сила. Отсега натаму, Apple со софтверско решние ќе го блокира сообраќајот на податоци што се случува преку USB-портот на уредот, во случај уредот да остане заклучен повеќе од еден час. Ограничувањето не влијае на полнењето од адаптер за струја, бидејќи не бара пренос на податоци.

Сепак, врз основа на нашето искуство, ако го сторите истото на Вашиот лаптоп, iPhone уредот нема да добие моќ додека не го отклучите – претпоставувам дека тоа е поради причината што системот го идентификува компјутерот како надворешен уред. За среќа, инженерите на Apple беа великодушни и знаеја дека корисниците нема да бидат среќни ако нивните уреди воопшто не се полнат, па телефонот ќе сигнализира со уникатни вибрации и скокачки прозорец кога треба да биде отклучен. Накусо, нема да бидете изненадени.

Во случај да ги сметате стандардните безбедносни мерки како непотребни, треба да одите во Settings > Touch ID (или Face ID) & Passcode менито и да го вклучите прекинувачот до “USB Accessories”.

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.