imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Некогаш одамна, постоеше седмата бета верзија на iOS 12


Како што веќе се навикнавме, точно една недела по шестата бета верзија на iOS 12 за програмери, натпреварувачот број 7 само што ја почна трката. Но, по само десет истрчани метри, падна директно на нос.

Се чини дека во случајот на iOS 12, Apple го избра понеделник како ден за лансирање на ажурирањата. Најновата бета верзија за програмери обично ја лансираа на тој ден. Сите кои кои му се придружија на движењето на преземање на бета верзијата веројатно очекуваа дека овој понеделник ќе пристигне и седмото издание. И се одеше според планот, во 19 часот по нивно време системот беше подигнат.

А тогаш Apple ја одложи целата работа. Можеби причината е тоа што многу корисници почнаа да се жалат на значајни проблеми во перформансите. На разните форуми можеа да се пронајдат вистински хорор приказни за апликации на кои им биле потребни повеќе од 10 секунди да се отворат. На некои корисници проблемот со тек на време им исчезна, но некои ја немаа таа среќа.

За среќа, Apple правовремено ја воочи грешката и брзо реагираше. Единствено што мене не ми е јасно е како немало тестери на Apple кои можеле да го откријат проблемот пред официјалното лансирање. Сепак, подобро овие работи да ги поминеме во бета верзиите, отколку во септември по лансирањето на вистинската верзија на системот…

Поради тоа ќе ја искористиме шансата и ќе ве предупредиме:

  1. Јавните бета верзии на iOS 12 им се достапни на сите, но донесуваат потенцијални грешки, па не ви препорачуваме да ги инсталирате на уредите кои секојдневно ги користите.
  2. Пред ажурирањето направете сигурносен бекап!

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.