imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Нема подобар од екран од оној на iPhone XS


Екипата на DisplayMate ги одработи своите вообичаени тестови и откри дека екраните на iPhonea XS и XS се најдобри од сите.

Компанијата DisplayMate Technologies се специјализираше за испитување и оценување на екраните преку лабораториски тестирања. Сега го тестираа и екранот на новите iPhone уреди, поточно iPhone XS Max. Меѓутоа, iPhone XS има идентичен екран, само со помали димензии, па можеме да кажеме дека добиените резултати вредат за двата модела.

Резултатите од истражувањето ги изнесоа во долго и многу комплексно објаснување, кое може да се резимира вака:

На сегашниот пазар на паметни телефони нема подобар екран од оној кој е дел од iPhone XS.

Врз основа на нашите оопсежни лабораториски тестирања и мерења, iPhone XS Max ја освои нашата награда за најдобар екран на паметен телефон, а притоа постигна највисока оценка досега A+, благодарение на своите перформанси кои се осетно подобри во однос на другите смартфони.

Според зборовите на претседателот на DisplayMate Technologies, Raymond M. Soneirа, екранот на iPhone XS Max има подобри перфроманси од своите претходници во поглед на максималната осветленост, реални бои и бројни други аспекти.

Осветленоста на екранот на iPhone XS порасна од минатогодишните 634 нита на 660, за sRGB и DCI-P3 колор гамут. Исто така, екранот рефлектира само 4,7 проценти светлина, што е една од најниските стапки забележани за паметни телефони. Спојот на овие два резултати го чини овој екран најчитлив на дневна светлина. Ако сакате да продолжите да читате за одличните постигнувања на iPhone XS, можете да го прочитате целото објаснување.

DisplayMate Technologies ги тестира различните екрани уште од 1991, и тоа со употреба на најновите технологии наменети за работа во специјализираните лаборатории. Со оглед на тоа дека нивните резултати се јавни и проверливи, не можат да бидат субјективни според Apple. Во случај да се посомневавте…

Извор: MacRumors, DisplayMate

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.