imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Нема враќање назад од iOS 12


Како и секоја година, Apple престанува да работи на постарите верзии на iOS неколку недели по лансирање на најновата верзија. Подготвени или не, нема враќање од iOS 12.

Се работи за сосема нормална одлука – истата работа се случи лани, а сигурно ќе се случи и следната година. Но, мојот скептицизам нема мир и постојано се прашувам сошто тоа го прават. Па, тоа е единствен начин компанијата во целост да се посвети на новиот оперативен систем. Кога параллено би работеле на два или дури и повеќе системи, би требало да работат на решавање на многу повеќе проблеми и на развој на побеќе различни сигурносни надградби.

Значи, фактот дека нема враќање на постарите верзии на iOS значи дека тие повеќе нема да бидат во фокус (секако, освен во случајот да се појават критични проблеми), па Apple може да се посвети на она што моментно им е најважно на поголем дел од корисниците. Според моментните податоци на Mixpanel, повеќе од 50 проценти на активни уреди работат на iOS 12.

Втората, помалку важна причина за ова е дека Apple така може полесно да ги елиминира екипите за jailbreaking. За некој да направи jailbreak, мора да најде дупки во системот, односно некој заден влез, за што е потребно доста време. Со прекин на активната работа на постарите верзии на iOS се зголемува шансата одреден систем да ја заврши кариерата, пред да доживее jailbreak.

Како и да е, непишано правило е дека корисниците треба да ја имаат најновата верзија на системот, како поради функциите, така и поради безбедносните надградби. Тоа е посебно важно во случајот на iOS 12. Од една страна, тој ја подобрува работата на постарите уреди, а од друга, се работи за исклучително стабилен систем со неколку грешки кои се веќе решени.

Значи, ако веќе го имате iOS 12 на својот уред, нема да можете да се вратите на iOS 11.4.1. Ако пак, се уште не сте го зажурирале својот систем, имајте ги на ум овие информации пред да го притиснете копчето за ажурирање.

Извор: 9to5mac

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.