imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Ни AI не може да им помогне на модераторите на Facebook


Еден извештај покажа дека животот на модераторите на Facebook е многу стресен. Иако добро би им дошла, вештачката интелигенција, сепак, не би можела многу да им помогне во догледна иднина…

Веројатно многу од вас наишле на приказната за модераторите од Facebook и нивните стресни работни услово, која неодамна беше објавена на страницата The Verge. Ако не сте го виделе, фрлете око на тој текст, а ние ќе ви дадеме негово резиме.

Иако Facebook се чини како работно место од соништата (земајќи го во предвид фактот дека зоруваме за фабрика на спектакли) си одлични плати, паузи, фрапеа од ванила и пистачио за појадок и поттиците за стартапи, но тоа во пракса е точно само за некои вработени. Зошто? Затоа што добар дел од работата во сивите подрачја ја одработуваат други компании, во кои нема вегански сирења и соби со кученца за намалување на стресот.

Таквите компании се занимаваат и со модераторски работи, а меѓу нив е и компанијата Cognizant. Вработените на оваа компанија се изложени на огромен стрес: имаат строг распоред, темпото е неиздржлив, имаат девет минути за „опуштање” кои го минуваат во ред за тоалет. Да, стотици вработени на располагање имаат дури три тоалети.

Нема потреба да се расправа дали се занимаваат со стресна работа. Дневно обработуваат стотици снимки, фотографии и текстови, од кои просечниот човек не би поднел да прегледа ни пет. По снимката на отсекување на глава, следува ужасна порнографска снимка, а потоа снимки на мачење на луѓе или животни, а можеби и малку педофилија. Во споредба со тоа, читањето на навреди во коментарите им доаѓа како она „време за опуштање”. Сето тоа го прават за годишна плата од 28.000 долари (просечен вработен во Facebook годишно заработува околу 240.000 долари).

Значи, заклучок е дека работата на модераторите е тешка, но ги немаме сите детали. Сепак, веројатно не е случајнп дека Конгресот му се обрати на Zuckerberg во врска со овие прашања пред една година. Тогаш добија класичен одговор дека ќе спроведат строга инспекција, бидејќи прашањата на ментално здравје на вработените се многу важни. Исто така, кажано е дека решението со вештачката интелигенција само што е пред завршување, и дека на тој начин многу ќе се олесни работата на модераторите. Па, тоа звучи одлично во теорија, но постои финта.

Се работи за лага.

Барем поголем дел од професионалците се согласуваат дека приказната за вештачка интелигенција само би можела да послужи како параван на Zuckerberg и неговата екипа. Но, зошто вештачката интелигенција не би можела да ја преземе оваа работа? На крајот на краиштата, знаеме дека алгоритмите се способни да создаваат неверојатно уверливи портрети на луѓето. За да дојдеме до точните одговори, мораме најпрвин да видиме како работат алгоритмите.

Постоечките „вештачки интелигенции” кои учествуваат во работите на модерирање работат така што ги анализираат дадените содржини со помош на обработка на визуелните сигнали, или така што содржините ги споредуваат со податоците од базата на податоци. Првата опција првенствено се користи за поголемите категории, значи голотија, оружја, дроги и слично. Оваа втора опција, без оглед на тоа дека работи врз основа на базата на податоци, може да се користи за филтрирање на содржините заштитени со авторски права или за издвојување на непожелни зборови.

Значи, алгоритамотработи така што пробува да утврди дали постои осетлива содржина на дадената фотографијуа или е потребно да се филтрира. Ако е, тогаш содржината се проследува до модераторите на преглед. Овој систем е навистина ефикасен и можел да се подигне на ниво на кое човечкиот фактор би можел да се елиминира речиси во целост.

Меѓутоа, тоа само вреди за споменатите содржини: голотија, оружје, симболи на забранети режими, тоа се работи кои компјутерот може лесно да ги препознае. Но, што е со работите кои и на луѓето им се тешко разбирливи? Што е со лажните вести, сатира и иронија? Овие работи е многу тешко да се дефинираат и речиси невозможно да се преведат на машинскиот јазик.

Со други зборови, проблемот е во тоа што очекуваме од вештачката интелигенција да ја разбере човечката култура.

Како вештачката интелигенција би можела да заклучи дека доењето е посебен вид голотија? Како машината би можела да заклучи дека реченицата „Ако мојот сосед не престане со дупчење, ќе се фрлам низ прозорец” не е најава за самоубиство. Или да ги „истребиме комарците!” не е е повик на масакр?

via GIPHY

Она што го дадов како пример навистина ги отсликува ситуациите во кои вештачката интелигенција би требало да ја познава човечката природа во целост, што – како што сите знаеме – е променлива, неопиплива и единствена категорија. Би било добро машините да можат да го разберат контекстот и секако, да можат да се развиваат за да бидат што поблиску до целта. Меѓутоа, не е поентата во тоа дека се појавуваат се подобри алгоритми на пазарот, бидејќи, како што наведуваат експертите, нема уште долго време да можат да ги заменат луѓето. Ако претпоставиме дека некогаш ќе можат да ги заменат.

До тогаш, работниците ќе мораат да продолжат да ја работат тешката работа и да го ослободуваат човештвото од штетните содржини, на работа која бара полно работно време.

Извор: The Verge 1, 2

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.