imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Ништо ново од Beats, но вечерва можеби ќе пристигнат надградени AirPods


Еден од инсајдерите на The Verge ги негираше гласините од почетокот на летото, дека Apple нема да претстави нови производи на Beats. Меѓутоа, на вечерашниот Keynote можеме да очекуваме надградени AirPods слушалки.

Дури и неколку часа пред презентацијата, протекуваат информации, и покрај фактот што наскоро Apple ќе им ги открие сите иновации на масите. Сепак, навидум веродостојни информации успеаја да се прошират за помалку очекуваниот производ, според кои Apple вечерва нема да претстави нови производи на Beats, но треба да очекуваме некои иновации во врска со нивниот сопствен производ.

Непосредно пред WWDC се проширија вести за тоа како Apple ќе се носи со Beats линијата прооизводи, односно дека ќе ги надгради со хардвер и софтвер како на HomePod. Врз основа на тоа, многумина претпоставуваа дека компанијата ќе ги интегрира Siri и другите паметни функции во Beats Pill+ звучниците и така ќе претстават поевтина верзија на HomePod на пазарот.

Беа популарни и вестите за тоа дека Beats слушалките ќе добијат поддршка за Siri, но доверливи извори не веруваат дека Apple на тој начин ќе ја надгради оваа линија производи, туку дека овој потег би го применил на сопствен уред. Наглавните слушалки на Apple многу корисници би ги дочекале со раширени раце, но поверојатно е дека по патот на напредокот први ќе зачекорат нашите омилени AirPods и дека во овој нов облик би можеле да се појават во продавниците до крајот на оваа година.

Извор: The Verge

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.