Ова може тешко да им падне на сите оние производители на мобилни телефони кои сакаат да го надминат iPhone по прашање на ефектот…
Како што вели изреката, една од најголемите предности на Apple е во тоа што хардверот и софтверот се концентрирани на едно место. Благодарение на тоа, ќе ви треба помалку RAM меморија на iPhone, за да имате ист ефект како кај другите производители. Да не споменуваме дека нивниот A процесор ги надминува сите свои конкуренти.
Ни овој пат работата не е поинаква. Првиот бенчмарк тестови говорат за телефони кои го користат новиот Qualcomm Snapdragon 855 процесор, но се чини дека ни оваа година нема да го надминат iPhone. Наводно, овој чип ќе биде вграден во Galaxy S10, новиот водечки модел на Samsung, кој ќе се појави на 20. февруари.

Податоците за овој уред можеме да ги видиме на резултатите на Geekbench 4, кои се објавени на Slashleaks. Најголема разлика е во резултатите на еднојадрените процесори: додека A12 чипот на Apple успеа да освои 4801 поен, Snapdragon освои само 3413 поени. Што се однесува до повеќејадрените, тука резултатот е малку повеќе израмнет – Samsung собра 10256 поени, додека iPhone XS е малку пред него со освоени 11479 поени.

Треба да се додаде и тоа дека во секојдневната употреба ова не претставува голема разлика: двата процесори се многу брзи, па корисниците веројатно нема да забележат разлика. Меѓутоа, во поглед на издржливоста, iPhone сепак се истакнува.
Извор: MacRumors