imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Nokia во целост го презема Withings


Реновираниот систем на производи за следење на здравствената состојба кои се достапни во продавниците iStyle, отсега ќе ги дистрибуира финската компанија за мобилни телефони.

Бившиот мобилен гигант Nokia неодамна го стесни подрачјето на своето делување и се посвети на својата мрежа на бизнис работи како примарен извор на приходи. Меѓутоа, нивното име и натаму нешто значи, па би сакале тоа да го искористат најдобро што можат. И покрај нивниот благороден, но сепак слаб обид за оживување на серијата мобилни 3310, нивен најголем успех во работата е преземањео на Withings, а оваа приказна всушност доби нов пресврт.

Во пролетта минатата година, оваа финска компанија најави дека ќе ја купи француската фирма Withings, која е основата во 2008 и кога оттогаш стекна одлична репутација во рамките на својот сектор, со заработка од 170 милиони евра. Овој чекор е очигледен показател дека целта на Nokia е да влезе на пазарот на ioT (Internet of Things), а потоа и во секторот на дигитално здравство. Директорот на Nokia, Rajeev Suri ја даде следната изјава при најавата на аквизицијата:

Веќе долго зборуваме дека областа на дигитално здравство е стратешки важно за Nokia, а сега преземаме конкретни чекори за да ја искористиме шансата во рамките на овој голем и важен пазар. Со оваа аквизиција, Nokia ја засилува својата позиција во рамките на Internet of Things на начин кој ја искористува силата на доверливост на нашиот бренд, одговара на целта на нашата компанија – ширењето на човечките можности во поврзаниот свет – и не сместува во центарот на голем пазар, што би ни помогнало да воведеме позитивни примери во човечките животи.

Оваа промена не значи само дека логотипите на постоечките производи ќе бидат заменети со оние познатите во целиот свет, туку и претставување на многу нови одлични производи – и тоа за помали цени и за поголема целна група корисници! Постоечките и веќе достапни производи ќе добијат софтверска надградба благодарејќи на новата апликација Health Mate.

Зошто нам ни е ова важно? За почеток, Apple и Nokia веќе подолго време се во лоши односи, но на тоа му дојде крај. Всушност, на полиците на iStyle продавниците исто така можете да ги пронајдете новите производи на Nokia! Веќе испробавме многу од нив, па во следните денови можете да очекувате наши искрени осврти. Сега ќе добиеме попаметна вага за помала цена, нов монитор за крвен притисок, а ќе ја провериме и корисноста и доверливоста на навистина кул термометарот и куќниот монитор.

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.