imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Nokia BPM+, нова генерација на апарати за мерење пристисок


Надградбата на софтверот имаше одлично влијание на новата генерација на мерачи на пристисок. Ни имавме прилика да го тестираме најновиот член на „екосистемот” на Nokia.

Не е случајност дека последниот производ од новата серија на паметни уреди на Nokia кој имавме прилика да го тестираме е апарат за мерење пристисок. Реално, тоа не е некој кул уред што ни помага да водиме поздрав живот и кој од мали не предупредува на развој на одредени болести, како што тоа го прави паметната вага. Апаратот за притисок нема постојано да го држите вклулчен и поврзан со интернет, како што би го направиле тоа со паметната куќна камера со која ги држите на око своите деца. Веројатно нема да ви биде толку потребен во раната возраст, како паметниот термометар.

Меѓутоа, Nokia BPM+ е уред кој ги поврзува сите амбиции кои Nokia ги имаше кога ги купија и софтверски ги надградија производите на Withings. Во текот на тестирањето, најмногу внимание посветивме за размислувањето за тоа како и кои подрачја на здравството ваквиот производ може да унапреди и зошто Nokia гледа толкав потенцијал токму во апаратот за мерење крвен притисок. Меѓутоа, да не се истрчуваме – да погледнеме најпрвин за каков уред се работи.

Компактен уред за мерење притисок во домот и во движење

Nokia BMP+ е безжичен уред за мерење пулс и крвен притисок, дизајниран така што корисниците можат да го користат било каде, со помош на својот паметен телефон. Компактен е и зазема многу мал простор. Изработен е од помек материјал во однос на претходната генерација, па е нешто помал од алуминиумска лименка од 0,33 L. Материјалот од кој е изработен ракавот е многу сличен на оној во традиционалните апарати за притисок; во бројноте осврти се истакнува неговата удобност, а поретко ќе остави траги на кожата како постариот модел.

Иако нема посебен сад во кој може да се чува уредот, и кутијата во која че го купите може да послужи за таа намена. Изработена е од цврст картон и има магнетно копче, па е добро решение и за патувања.

Почетната инсталација на уредот е многу едноставна: вметнувате четири AAA батерии во уредот (морате да ги купите посебно), го вклучувате со притискање на мало копче, а потоа почнува магија. Исто така, преземете ја апликацијата Health Mate на својот мобилен телефон, па поврзете го уредот со мобилниот преку Bluetooth. Ќе се појави прозорче во кое треба да го потврдите поврзувањето, а потоа се би требало да оди како подмачкано. Инсталацијата е едноставна како поврзување AirPods со iPhone. Откако ќе го довршите овој процес, само треба да се запознаете со софтверот, да го замотате ракавот околу раката и да видите колку ви се систоличкиуот и дијастолични крвен притисок, или пак колкав ви е пулсот.

Сепак, најважно е пред се да се консултирате со својот доктор од општа медицина. Понесете го уредот следниот пат кога ќе одите на преглед, па нека докторот ви покаже како исправно да го користите. Всушност, овој уред ќе го достигне својот полн потенцијал кога докторите ќе можат лесно и ефикасно да ги искористат сите податоци кои ќе се забележат на него. Меѓутоа, најпрвин мораме да им помогнеме да ја разберат оваа нова технологија, а се тргнува токму од докторот по општа медицина.

За оние кои сакаат да работат сами, постојат и кратки упатства, објаснети чекор-по-чекор. Сепак, сега не се работи за едноставен термометар, па веројатно би било најдобро стручњак да ви објасни како исправно да го користите, бидејќи така ќе бидете сигурни дека се забележаните резултати се всушност и точни. Можете да изберете помеѓу два начина на мерење: нормално и автоматски, со тоа што автоматското врши три мерења едноподруго со интервали од 30 секунди (тоа е препорачан начин).

Сите ние сме стари госпоѓи

Секако, го тестиравме уредот сами на себе, а резултатите нималку не не изненадија. Врз основа на автоматско мерење, авторот измери притисок 151/88, што уредот го опиша како изолирана систоличка хипертензија. Мораме да истакнеме дека не консултиравме здравствен стручњак – да, не се држевме до сопствениот совет – па не знаеме дали уредот бил правилно поставен и дали нешто утнавме.

По брзото пребарување на Google, откривме дека изолираната систоличка хипертензија е многу чест проблем меѓу постарата генерација, посебно меѓу женската популација. Секогаш се противиме на тоа дека сами си поставуваме дијагноза врз основа на пребарување на интернет, но на крајот секогаш поткелкнуваме… Шега на страна, навистина е лесно да се користи уредот и веруваме дека не би било тешко да се научи да се мери притисок барем еднаш месечно, посебно затоа што постапката трае помалку од пет минути, вклучувајќи го и вадењето на уредот од кутија.

Токму затоа Nokia BPM+ би можела да биде многу популарен уред за мерење притисок дома. Да, ќе треба да издвоиме поголема сума отколку за традиционален апарат за притисок, но овој уред, сепак, вреди за таа разлика во цената. На пример, една од неговите побитни предности е редовно ажурираната и многу прецизна историја на здравствената сотсојба, која можете да ја проверите секогаш кога ќе посакате. Тоа и денеска е многу важно, а со време и развој на медицината ќе стане уште поважно.

Искрено се надеваме дека на поголем дел од нашите читатели уште долго нема да им треба ваков уред, бидејќи здравствените проблеми поврзани со крвниот притисок обично се појавуваат во постарата животна доба. Меѓутоа, подобро да се спречи, отколку да се лечи: ако на време почнете да го надзирате својот крвен притисок со помош на уредот на Nokia, на време ќе ги препознаете симпотомите на евентуално влошување. Тоа би можело да биде посебно важно за сите оние кои водат напорни и стресни животи.

Овој уред би можел да биде одличен подарок за роднините: сите имаме некој во семејството кој секогаш заборава да го мери притисокот и пак му крие на докторот посетоење на било какви проблеми. Па, на тоа многу лесно можеме да му ставиме крај, и тоа на задоволство на сите вклучени!

Екосистемот на Nokia

 

Да го завршиме овој текст со заклучок, кој ќе вклучува осврт на сите досега тестирани уреди на Nokia, а не само BPM+. Можеби тоа на почеток не се виде, но новиот сопственик не стави само ново лого на производите што ги тестиравме, туку многу на унапреди нивната употребливост. Производите на Withings беа сосема пристојни, но имаа еден голем проблем – софтверот. Од друга страна, токму софтверот стана една најголема предноста на редизајнирната апликација на Nokia, Health: конечно добивме нешто доверливо и едноставно за користење, а програмерите сега многу попосветено се занимаваат со прашањата за нашето здравје.

Ако некој купи само еден производ од оваа палета, ја презема апликацијата што му треба и навистина и ја користи и сето тоа совршено ќе функционира. Ако, пак, купите повеќе уреди, ќе имате Journal, некаков вид на надзорна плоша на која ќе бидат забележани сите мерења. која ви овозможува лесно прегледување на сите податоци за вашата здравствена состојба. Дури би можеле да кажеме дека овој Journal ги поврзува различните уреди во еден екосистем исто тако што iCloud ги поврзува сите производи на Apple. Можете да го користите во целосна верзија само кога ќе го отворите на компјутер, но засега ќе го занемариме овој недостаток: нема да ни биде тешко да седнеме пред компјутер кога се работи за нашето здравје.

Купувањето вредно 170 милиони евра, Nokia го оправда објаснувајќи дека производите добро се вклопуваат во портфолиото на компанијата. Тоа се покажа како точно, посебно кога ќе видиме како функционира новиот софтвер. На крај останува само прашањето во која мерка овие паметни уреди за здравјето ќе станат дел од нашето секојдневние, посебно на долгорочни патеки. Создавање на целосен екосистем е одличен чекор кон остварување на оваа цел, но во целата оваа приказна мораме да ја вклучиме и здравствената заедница. И тие мораат да ја разбираат и да знаат да ја користат оваа технологија, а потоа и да се согласат да ги ги искористат сите можности кои овие уреди и програми ги нудат. Кога ќе дојдеме до таа точка, сите производи од линијата Nokia Health ќе станат обврзен дел од секое домаќинство.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!