imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Nokia Home Тест: Бебешки или куќен монитор?


Следниот текст можеме да го сметаме за долгорочен тест, бидејќи Nokia Home (претходно Withings Home) го користиме веќе повеќе од 6 месеци. Ова е уред што едноставно ќе седи на врвот на вашиот ормар, собирајќи прав, само што тоа овој пат го прави буквално, а не фигуративно.

Да почнеме со името на производот, кое е прилично точно, да бидеме искрени: додека имавме некои прилично јасни функции за употреба во случајот со паметен термометар и паметна вага, тука добиваме повеќенаменски уред со неодамна претставениот Nokia Helath кој може да задоволи мноштво потреби, дури и во едно домаќинство. Вашиот пријател можеби мисли дека овој уред не е добар за ништо, додека вие само ги спуштате рамената на тоа и велите дека имате еден дома и дека вашето семејство апсолутно го обожува. Можеби не им е потеребен на сите, но ако го купите, уредот ќе исполни многу различни улоги.

 

Nokia Home во основа е камера и сензор за квалитет на воздух е вграден во цилиндричен уред. Камерата е 5 MP, снима во 1080p и има прилично добро ноќно снимање. Освен тоа, содржи и 2W звучник, така што можете да зборувате преку уредот, со тоа што можете да погледнете што се случува дома со помош на вашиот iPhone или iPad. Уште повеќе, уредот може да го направите уште повозбудлив благодарение на светлата вградени во дното на цилиндарот. Можете да покренете дури и мирна успаванка преку еден допир во апликацијата. Освен тоа, Nokia Home автоматски ги снима изминатите 12 часа и го пренесува видеозаписот на сервер, кој потоа можете да го погледнете од било која платформа во следните 48 часа, или дури и да го снимите.

Со што може да ви помогне?

Она што може да биде посебно привлечно е неколкуте начини на користење. На почеток, би можеле да го користите како едноставен baby монитор, иако тогаш станува малку поскап уред ако ја извршува само таа функција. Исто така е малку комплицирано, бидејќи ви е потребен штекер во близина за да работи уредот, а потоа морате да го поставите за детето да не дојде до кабелот. Во случај на овој baby монитор, многуте други функции, како камерата, стануваат прилично бескорисни. Ако ви е потребен само baby монитор, постојат многу други, поевтини опции на пазарот.

Сепак, функцијата на камерата може да стане многу корисна во многу други случаи. Nokia Home е сместена веднаш наспроти вашата влезна врата може да ви помогне да се чувствувате прилично опуштено при заминувањето на одмор, бидејќи можете да подесите известувања, што ќе бидат испраќани секој пат кога уредот ќе почувствува било какво движење. Ќе добиете известување ако било кој влезе во вашиот дом. Исто така, ова е веројатно најдобра ситуација за употреба на микрофон: во споредба со тоа да имате само докази, многу поодбра е можноста да му кажете на провалникот дека целата работа се снима, па можеби би требало да се сврти и излезе од вашиот дом што е можно побрзо, без вашите работи. Однапред поставените светла се исто така добри поради оваа причина.

Колку видеа сме виделе на Интернет во кои сопственикот на куќата можел да произведе видеозапис во висока резолуција, што прикажува провалник кој пробува да го ограби неговиот дом, благодарејќи на паметно поставената камера? Сепак, размислите за тоа колку би биле посреќни кога би можеле да го исплашите и избркате лицето кое наизглед ја познава вашата куќа однадвор и одвнатре, со исклучок на камерата. Бидејќи Nokia Home може дискретно да се вклупи во декорот на куќата, но и натаму е видлив, би можел да биде од поголема помош при превенција, отколку при сигурност.

Веројатно сте слушнале за оние приказни каде што некој изнајмил чистачка и претпоставил дека и се допаднал ситнишот што се наоѓа во стакленикот. Сега, ако му кажете на тоа лице дека не мора да брише прав од камерата затоа што таа непрекинато снима и да не ја поместува, тоа лице два пати ќе размисли за тоа дали нечиј ситниш е вреден за ризикување на својата работа. Ова е прилилчно буквален пример, но сигурни сме дека можете да го интерпретирате на разни начини во секојдневниот живот (иако, не мислиме на примерот „шефот гледа се”, бидејќи тој пример е премногу злобен).

Бидејќи претходната верзија на овој уред ја користевме за надзирање на влезните врати (иако покрива доволно големо поле, така што во основа можете да ја надзирате целата куќа), поставено е прашањето: можеме ли да користиме два уреда истовремено? Па, одговорот е да, и работи прилично едноставно во пракса: инсталацијата на другиот уред не траеше подолго од минута, и двата производа веднаш се појавија на екранот. Уредите и нивните известувања можете да ги поставните засебно, што е корисно. Во основа, можете да поставите камери за надзирање на целата куќа во само неколку минути, многу поевтино од останатите професионални системи и калибрирани според вашите потреби. Како што рековме во нашиот Nokia Thermo тест, би сакале повторно да напоменеме: ако го користите овој уред во семејството, секако пријавате се само со една сметка и една адреса на електронска пошта. Тоа би можело да биде очигледно за некои, но за некои можеби нема да биде.

Исто така, мораме да позборуваме за сензорот на квалитет на воздухот кој е додаден на овој производ, бидејќи на крајот, се работи за Nokia Health производ. Веројатно добро ги забележа вредностите, бидејќи прикажуваше добар квалитет на воздухот во текот на денот, сето тоа на прилично убав графикон. Затоа ја оневозможивме функцијата во која уредот свети црвено кога квалитетот на воздухот е лош, бидејќи тоа обично го правеше ноќно време. Ако барате само добар сензор за квалитет на воздухот, ќе пронајдете подобар уред на пазарот, но добар е како дополнителна функција во овој уред

Исто така, можете да светите во текот на ноќта, ако тоа ви е потребно. Убаво е, но помалку непотребно…

Nokia Home во основа е добро опремен уред за домашно набљудување што е лесно да се инсталира и може да покрие многу различни функции во многу видови домови. Веројатно нема да жалите за оваа набавка, без разлика дали планирате да ја имате за активна употреба (двонасочен монитор за бебиња), или за уред за следење сместен во вашиот дом. Ако земеме во предвид дека софтверот на Nokia е посигурен и лесен за користење отколку софтверот Withings полн со грешки, а инсталацијата е навистина едноставна, тогаш цената не изгледа толку висока.

Патем, Nokia моментално држи промотивна продажба за домашната услуга: можете да добивате премиум безбедност за два месеци бесплатно ако го користите кодот FREESUM17 пред 1 август. Ова значи дека ќе можете да ги гледате домашните снимки со HD квалитет од серверот за 30 дена наназад наместо 48 часа. Секако ќе добиете пробен период од еден месец; Цената на претплата на оваа услуга изнесува 7,95 евра месечно за 7 дена за чување и 19,95 евра месечно за 30 дена за складирање.

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј. - Кликнете овде!