imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Оваа објава не е ажурирани повеќе од година дена. Имајте во предвид дека објавата може е веќе застарена.

Nokia Thermo – Паметен термометар што навистина помага


Нашиот дом и нашите апарати стануваат попаметни и попаметни. Термометрите не можат да бидат исклучок, па тие здружени со апликација сега можат да ни бидат вистински пријатели кога сме болни.

Се сеќавате ли на оние добри стари времиња кога требаше беспомошно да го тресете термометарот за да спуштите живата пред мерењето на тепмпературата? Веројатно се повеќе од нас полека ги напуштаме овие стари термометри и ги менуваме со дигитални. Нив само треба да ги ставите под рака (за бебињата се користат ректално), да причекате една минута и да го очитате кога ќе слушнете аларм. Се е подобро што не треба да мавтаме со рацете, иако и во ова решение има простор за напредок.

Денеска, пак, се појавуваат се повеќе паметни термометри: тоа се уреди кои можат да ја мерат темпоературата преку уиште и челото без непосреден допир. Можат да се купат во поголем дел од аптеките, а се незаменливо помагало за семејство со бебе. И мене ми беше така – го обожававме својот инфрацрвен термометар кој го добивме на подарок, и за жал многу често го користевме. Се до минатата недела.

Техниката е многу подобра, иако и натаму се работи за обичен термометар. Меѓутоа, Nokia Thermo е паметен уред. Имавме прилика да го тестираме во последните две недели и откривме дека тој може да биде најдобриот човеков пријател (без оглед на некои мани), посебно ако љубовта на вашиот живот на мајката која боледува од синдром на прекумерна грижа.

Така убав, а така недоверлив…

Да почнеме со хардверот. Nokia Thermo е едноставен бел уред со неонски зелен капак. Додека не го вклучите, немате поим за што се работи. Но доволно е само да притиснете едно копче и веднаш ќе го вклучите неговиот генијален екран. Сепак, најважен дел сигурно е сензорот – составен е од 16 помали сензори, кои сите истовремено се насочуваат во слепоочната аретрија и извршуваат 4000 мерења за да ја пронајдат најтоплата точка. Барем така пишува во прирачникот…

Во пракса имавме малку поинакво искуство. Thermo, имено, покажува различни резултати за секој. Кога прв пат го испробавме, еден од нашите колеги имаше мала температура, а другиот имаше температура на просечен леш. Ни падна на ум сите да ги испратиме на боледување. Моето мерење беше оптимално, со 36,8°C, но во неколку наврати добивав неточни очитувања. Сепак, со време станував се подобар и сега секогаш точно ја мерам температурата од прв обид. Ни вие немојте да се чудите ако на почеток добивате необични резултати. Треба да вежбате да го правите истото движење и да го насочувате термометарот во истата точка на челото. Со време ќе се навикнете на него, но сигурно не се работи за уред, кој ќе го купите, па потоа ќе го извадите само кога некој ќе се разболи. И самиот производител советува најпрвин малку да си поиграте со него: калибрирајте го за себе и своите домашни, и вежбајте го движењето за да го усовршите добивањето точни резултати од прва.

Паметен е

Не е ваѓно колку добро изгледа Nokia Thermo, ни колку ми се допаѓа неговиот магнетен батериски резервоар (работи со две ААА батерии) кој го менува пластичниот капак – ѕвездата на овој уред е софтверот. Во овој момент можеме да се поздравиме со инфрацрвениот термометар и да му посакаме добредојде на паметниот термометар. Сите наши мерења се бележат, а можеме да ги сортираме и во рамките на апликацијата со цел полесно и подетално да го пратиме развојот на болеста. Но, да почнеме од почеток.

Преземсњето и инсталирањето на апликацијата е многу едноставно (функционира и на iOS и на Android уредите), а таа е и незаменлив партнер на термометарот. Меѓутоа, запнавме при обидот за поврзување со WiFi мрежата. Се работи за сериозен проблем кој станува карактеристичен за производите на Withings. Сепак, во овој случај виновник е нашиот рутер – кога пробавме да го поврземе на другите мрежи, работеше без проблеми. Но, ако немате оптички кабел во својата куќа, или пак имате рутер веќе толку долго да не се сеќавате кога сте го добиле, можеби ќе наидете на проблеми. А тој проблем може да биде непремостлив, бидејќи уредот не може да и праќа податоци на апликацијата без WiFi мрежа. Добра вест е дека можете да го користите во мрежата за мерење, бидејќи уредот ги сместува сите наши податоци и ги праќа во апликацијата штом ќе се спои на некоја мрежа.

Иако секој резултат можете да го доделите на одреден член на семејството, уредот автоматски им испраќа известувања на сите кои ја имаат апликацијата. Тоа го прави регистрирањето помалку комплицирано – ако секое лице има сопствена сметка, сите ќе добиваат известувања, но нема сите да можат да доделуваат резултати. Затоа се препорачува да користите само една сметка на повеќе уреди. Така сите ќе знаете ако некој се разболи, па јадникот со зголемена температура веднаш ќе ја добие својата порција на кокошја супа и парацетамол.

Ова исто така значи дека сите настани и секое мерење на температурата ќе го видите на временската црта, што го олеснува следењето на развојот на болеста. Мене најмногу ми се допаѓа можноста за додавање и на други информации, на пример потсетник за земање лек. Повеќе не треба да се грижите дали сте ја испиле онаа таблета во 11 часот. Не можат да би опишам колку сум благодарен што повеќе не морам да водам такви разговори. Можете да ги запишувате и симптомите или пак да ги додавате фотографиите на моментната состојба (ако баш сакате). Опцијата на исправување повеќе не постои, но можете да го избришете внесот и повторно да го запишете.

Овозможено е и поврзување со апликацијата Health, но мене тоа не ми беше толку важно. Повеќе ја корситам Thermo апликацијата бидејќи има одличен интерфејс. Сепак, би бло одлично кога лекарот би можел да ја следи мојата состојба преку Health апликацијата. Не ли би било кул кога би можеле да му ги испратиме податоците на нашиот доктор преку апликацијата и веднаш да ја добиеме основната дијагноза без бесконечно чекање во орфинација? За жал, такво нешто засега е можно само во филм.

Пресуда

Значи, имаме паметен термометар кој два пати е поскап од инфрацрвениот. Морате да вежбате да рабоптите со него и да го усовршите движењето со кое го користите. Нема кутија, само капак. Можам ли навистина да ви го препорачам?

ДА. Со извичник. Ние се одлучуваме на купување само на потребни уреди, а овој дефиниотивно спаѓа во таа категроија. Токму ги преживеавме високите температури на нашето дете по вакцинацијата. Ако сте родители, знаете низ што сме поминале, а ако не сте, лесно можете да замислите како е тешко да гледате како личноста што неизмерно ја сакате се мачи. Ни вам тогаш не ви е лесно. Но, сега полесно ќе се носите со тоа, бидејќи сите податоци можете да ги прегледате во апликацијата. Само треба да се сетите да забележите кога сте го земале лекот. Исто така, сите информации полесно ќе ги поделите со докторот. По овој тест одлучивме да го задржиме стариот инфрацрвен термометар како резервен уред, а сигурно ќе купиме и нов рутер и ќе ја корситиме Nokia Thermo како главно помагало. Мене ме освои на прва.

Почна Nokia треската – наскоро стигнуваат рецензиите и на паметната вага и камерата за куќа и дете.

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.