imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Нови AirPods – На прагот на совршенство


Пред два дена ја набавив најновата верзија на најдобрите слушалки на светот. Во уредот наводно се вградени само неколку нови функции, но подобрувањата се чувствува на сите полиња. Што тоа значи во пракса?

Нашата канцеларија е еден од најголемите купувачи во iSTYLE и речиси сите вработени ги користат исклучиво уредите на Apple. Им се восхитувам на сите генијални иновации на екосистемот, но никако не сум фанатичен обожавател на производите на Apple. Добро, со еден исклучок.

Кога Phil Schiller ги претстави AirPods во септември 2016. година, не бев толку воодушевен. Ми беа преситни, ги сакав своите EarPods, никогаш не беа на залиха… Верував дека никогаш нема да ги уловам во продавница, а и ми беа некако прескапи. Така самиот себе се одвратив од купување.

Тогаш една вечер почнав да готвам, додека сопругата и детето спиеја. Прво правило на готвењето е дека при тоа мора да се слуша добра музика, па го вклучив MacBook, ги ставив EarPods и пробав максимално да го искористам досегот на жицата. Секако, на крајот речиси го испеков MacBook и ми беше доста од се. Драматично заклучив дека повеќе не може така, ги исклучив слушалките од компјутерот и следниот отидов до најблиската iSTYLE продавница.

Сето тоа се случи пролетта 2017. година, и оттогаш не помина ниту еден ден, а да не ги ставив AirPods во своите уши. Син ми некогаш си игра со нив, во една прилика ја загубив левата слушалка и ја барав со денови, ми испаднале пре(многу) пати, но и натаму тоа е еден од моите најверни уреди. И не сум единствен. AirPods денес се најпопуларните безжични слушалки на светот.

Токму затоа многу се радував на тестирањето на новата верзија, претставена овој март. Повторно морам да пишувам за уредот, кој не се промени значајно, како iPad mini. Иновациите во овој случај се повеќе како фини подесувања, отколку револуционерни промени. Во тоа лежи и убавината: немаше потреба за нов дизајн, беше доволно да се вградат некои корисни функции и така да се усоврши веќе одличниот уред.

W1 -> H1

Еден од најважните делови на AirPods е неговата душа, односно W1 чипот, кој самиот Apple го разви да ги реализира сите интелигентни решенија. Токму тој елемент ги разликуваше AirPods од другите уреди од иста категорија на пазарот. Па, Apple сега го унапреди тој чип, па новата верзија на AirPods има H1 чип.

По што е тој подобар? Тешко е точно да се каже бидејќи нема никаква разлика, но се е некако подобро. Инженерите на Apple успеаја да ги унапредат слушалките на сите полиња, но без бомбастични надградби. Ги усовршија и оние елементи со кои корисниците беа задоволни. Не ми беше лесно да ги препознаам сите тие иновации во само две недели, но ми помогна колега кој ги сака AirPods подеднакво како и јас.

Можат да се поврзат многу побрзо. Ако имате дојдовен повик, но ги немате слушалките во уши, ќе стигнете да ги ставите, да го пренасочите повикот на нив и да се јавите. И звукот е подобар. Многумина се сложуваат со мене, но се чини дека јас посебно ја осетив разликата, затоа што стариот уред веќе ми застари. Немојте да очекувате квалитет на ниво на наглавните слушалки, но инженерите успеаја да извлечат максимум со оглед на нивната големина.

И батеријата е поиздржлива. Не се посветив на прецизни пресметки, но несомнено е дека новите слушалки осетно подолго траат на едно полнење. Инаку, корисниците немаа жалби на батеријата, но сега сите љубители на долгите повици ќе бидат многу задоволни.

H1 чипот ја користи Bluetooth 5.0 технологијата, што на корисниците не им е претерано важен податок, но тоа не значи дека слушалките ќе можете уште долго да ги употребувате. Ако ги користете секојдневно, како мене, ќе издржите две до три години, но корисниците кои почесто им даваат слободен ден, ќе можат да ги користат барем три до пет години. Во секој случај, оваа технологија долгорочно ќе се покаже како многу корисна.

Hey Siri

Една од новините на новите AirPods е дека постојано ве слушаат, па не треба да притискате никакви копчиња, пред да го исклучите Siri. Само кажете „Hey, Siri“ и асистентката ќе направи тоа што ќе и кажете. Најголем проблем е во тоа што не го зборува мојот јазик, а мене ми е малку чудно да разговарам со неа на англиски. Но, кога веќе го тестирам уредот, морам да го направам тоа како што треба, зарем не?

Секако, тоа сега ми е најдрагата функција на новиот уред. Иако немав никакви очекувања, се покажа многу корисна додека возам. Лесно можам да воспоставувам повици, да ја вклучам музиката, да ја повикам гаражата. Се уште сум во фаза на учење и ги откривам сите можности, но уживам и во грешките. Веќе долго време не сум се забавувал така добро во автомобил. Сепак, не ја користам таа функција кога сум во друштво или кога одам низ град, бидејќи и натаму ми е незгодно. Но насамо, навистина е корисна.

Безжично полнење – за што?

Слична приказна: технологија која веќе подолго време е на пазарот, но која не сум ја користел. Сепак, купив еден безжичен полнач, токму поради AirPods и да видам зошто се дигнала толкава прашина. На снимките изгледа многу кул кога ќе се стават слушалките на полнач и веднаш почнуваат да се полнат. Изгледа толку Apple-овски.

Но, во реалниот живот, процесот е многу посложен. Каде всушност би требало да ги ставам за да почнат да се полнат? Малку пониско? Лево? Не ги поместувајте. А потоа чекајте два до три пати подолго отколку со нормален полнач. На крајот мојот iPhone едвај се полни, речиси се празни во однос на нормалното полнење преку полначот за iPad. Испаѓа дека ја имам целата опрема, но залудно. Многу се разочарав и мислам дека ќе се откажам од целиот концепт на безжичен полнач за полнење.

Да, LED индикаторот на полнење на кутијата е корисен. Неопходен е за им се пофалите на сите пријатели дека имате нова верзија на слушалките (веќе реков дека дизајнот не е променет). Но, не гледам дека има некоја друга цел. Кабелот во овој случај е попрецизен, побрз и поевтин. Можеби ако догодина купам нов iPhone со безжично полнење, би можел да го полнам со AirPods. Иако тоа не би било толку често. Но, доколку AirPower и натаму беше во игра…

Инстантно купување?

На крајот, морам да му дадам на уредот еден минус: Bluetooth поддршката за повеќе уреди се уште не е пристигната, па морам рачно да се префрлам помеѓу MacBook, iPhone и iPad. Иако повеќе се работи за прашање на комфор, мораме да се сетиме дека зборуваме за еден од најскапите уреди на светот (однос на цената и големината), па нешто ниво на очекувања мора да биде високо.

Исто така, морам нешто да истакнам во поглед на цената: по долго време, можете да ја купите новата верзија на уредот по иста цена. Да, во комбинација со безжичниот полнач е поскап, но компанијата од Купертино не ве присилува да ја купите таа верзија – можете да ја користите новата верзија со стариот кабел по иста цена. Неверојатно!

Кому би ги препорачал? На сите. Искрено. Овие слушалки на сите им го олеснуваат животот и го прават малку поубав. Навистина е тешко да не ги сакате безжичните слушалки, а AirPods се водечки производ во својата категорија. Поради тоа, верувам дека овие слушалки би можеле да им бидат корисниц на сите кои веќе ги немаат.

Ситуацијата е поинаква во поглед на оние кои веќе ги имаат. Би рекол дека новата верзија треба да ја купите, ако старите ги имате веќе многу долго и батеријата е веќе прилично потрошена. Ако сакате долги повици и не ви е тешко да вложите пари во нов уред, секогаш би препорачал купување на најновата верзија. А ако ги сакате овие слушалки еднакво страствено како и јас, сигурно веќе сте ги купиле

 

 

 

 

 

 

 

 

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.