imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Новиот iPad Pro би можел да биде неверојатно тенок


Според најновите информации, новиот iPad Pro би можел да биде најтенок досега. А би можел да остане без ниту една функција –  погодете која!

Во последно време слушнавме многу вести за новиот iPad Pro и тоа од доверливи извори. Поради тоа, се повеќе се чини дека некои летни гласини ќе се обистинат. Новата генерација на iPad Pro a) можеби ќе го загуби 3,5-мм влез и b) можеби ќе биде неверојатно тенка.

Ова првото не е никакво изненадување, туку само логичен чекор, откако истото беше направено на iPhone уредите. Освен тоа, имавме веќе доволно време да се навикнеме на оваа нова ситуација. Од друга страна, истенчувањето е класична карактеристика на ерата на Jony Ive, па ни оваа информација не не изненади.

Точните мерки на новиот уред се објавени на Slashleaks и на Twitter профилот на CoinCoin. Помалиот уред наводно би бил со дебелина од 5,86 милиметри, што е 0,2 мм помалку од оригиналната дебелина на 10,5-инчниот iPad Pro. Меѓутоа, дали ќе почлвствуваме неверојатна разлика во пракса е друго прашање. Што се однесува до висината и ширината, можеме да очекуваме 178,52 x 247,64 мм во случајот на помалиот уред и 215 x 280,66 мм во случајот на поголемиот модел. Овие димензии им одговараат на оние кои Macotakara ги објави уште претходно.

Меѓутоа, за една работа досега не стана збор: дебелината на рамките. Тоа е многу важно прашање, бидејќи многу корисници се прашуваат колку е корисно нивното истенчување. Имено, многумина се грижат дека со дланките би го допирале екранот, со што би се отежнала употребата на уредот. Според податоците од Slashleaks, рамките би можеле да бидат 6 милиметри широки од секоја страна.

Освен овие, новите информации ги предвидуваат предвидувањата на Guilherme Rambо за USB-C влезот, поддршката за надворешен екран, Face ID итн.

Извор: MacRumors

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.