imagazin arrow2-left arrow2-right arrow2-top arrow-up arrow-down arrow-left arrow-right cart close dossiers education fb instagram menu notification oander rss rss-footer search service shuffle speech-bubble star store stores tests twitter youtube

Промена на батерија по намалена цена!

Направи резервација и промени ја батеријата за 1.990 МКД.

Новиот iPad Pro би можел да ги надмине сите наши очекувања


Само ако новите информации на волшебникот за кодови, Guilherme Rambо, се покажат вистинити. Можеби нема да има засек, но затоа е многу веројатно дека ќе добиеме Face ID со повеќестрана ориентација, USB-C со 4K HDR излез за надворешен екран и Apple Pencil кој е сличен на AirPods. WOW.

Помина долго време откако сакав некој доверлив извор поврзан со Apple да биде во право. Ако сите горенаведени функции станат реалност, како што му пренесоа малите птички на Guilherme Rambо, тогаш новиот iPad Pro, чие претставување го очекуваме оваа есен, би можел да биде неверојатно привлечен.

1. Нема засек

Можете да сфатите прилично здраво за готово дека новиот iPad ќе го следи неодамнешниот дизајн и дека би можел да пристигне со помали рамки, OLED екран и без Home копче. Според Rambo, рабовите би можеле да бидат доволно дебели за да ги скријат сензорите потребни за Face ID и нема да биде потребно да се примени остров за сензорите, таканаречен засек.

2. Face ID во Landscape Mode

На една од работите на кои би можеле да и кажеме збогум на новиот iPad со Home копче и Touch ID. Но, многумина корисници ги користат своите таблети во хоризонтален начин на работа, па се постави прашањето: што со Face ID кој е способен да ги идентификува корисниците во само еден (портретен) начин на работа? Сега се чини дека ќе можете да ја користите биометриска автентикација на вашиот iPad во неколку правци. За тоа можеби ќе бидат потребни два различни сензори, но ќе видиме за што се работи во техничките спецификации.

3. Поздравете се со надворешните екрани

Rambo исто така потврди дека преоѓањето на USB-C би можело да почне со новиот iPad. Но, тоа не е крај! Исто така, додаде дека благодарение на новиот конектор, би можеле да го поврзете вашиот iPad со надворешен екран и да репродуцира видеа во 4К HDR. Wow!

4. AirPencil

Следната верзија на Apple Pencil се појави на хоризонтот и би можела да претставена со новиот iPad. Трикот би можел да биде безжичната врска во близина. Со други зборови, би можело да биде доволно да седоближи Pencil блиску до вашиот iPad, да се притисне Connect и тоа е тоа.

5. Нов Magic Connector

И на крајот, би можеле да го редизајнираат Magic Connector кој ви овзоможува да ги поврзете различните додатоци – како Smart Keybоard – со вашиот уред. Ако сите информации се точни, тој од дното би можел да биде преместен на задниот дел на уредот, што би можело да укажува на претставување на многу нови нативни додатоци.

Не можеме да го потврдиме доаѓањето или датумот на пристигнување на новиот уред. Но, веруваме дека кон крајот на октомври би можел да се одржи возбудлив Mac настан, на кој би можел да биде претставен и новиот iPad Pro. Се надеваме со горенаведените детали…

Извор: 9to5Mac

Apple Inc. (AAPL)

Дали го прочита ова?

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.

Воодушевен што сум повторно во Франција за да се сретнам со талентираниот тим во Марсеј.